Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Седум случаи на семејно насилство пријавени за едно деноноќие
    Македонија

    Седум случаи на семејно насилство пријавени за едно деноноќие

    15/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во текот на изминатите 24 часа полицијата регистрирала седум пријави за семејно насилство низ повеќе градови во државата, а три лица се лишени од слобода, информираа од Министерството за внатрешни работи.

    Во струмичко, полициски службеници привеле 34-годишен маж и 29-годишна жена од едно село во регионот. Според информациите од полицијата, жената најпрво пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг во нивниот дом. Подоцна и сопругот поднел пријава дека бил нападнат од неа. Двајцата се задржани во Полициската станица во Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По комплетирање на документацијата ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Во Кавадарци, пак, вчера попладне во 17:05 часот полицијата привела 41-годишен жител на градот. Тој бил пријавен од неговата 46-годишна партнерка дека и се заканувал, ја влечел за рака и не и дозволувал да го напушти домот. Осомничениот е задржан во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По расчистување на случајот ќе биде поднесена пријава.

    Случај на семејно насилство е пријавен и во кичевско. Ноќеска во 01:47 часот било пријавено дека маж од село во регионот физички ја нападнал својата сопруга. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

    Во Скопје, 84-годишна жена пријавила дека на 14 март во нивниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот 87-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми. Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности.

    Исто така во Скопје, 52-годишна жена пријавила дека во дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот 57-годишен сопруг.

    Во Прилеп, пак, 25-годишна жена пријавила дека била нападната од нејзината свекрва, додека во друг случај 34-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата партнерка во дом во скопската населба Кисела Вода.

    Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на сите пријавени случаи.

    Поврзани вести

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    Кривична пријава за фалсификување возачки дозволи против една вработена во МВР и пет други лица

    06/10/2026

    Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

    05/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет безвременски трендови од улиците на Копенхаген: променете го својот стил на најдобар можен начин

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    07/10/2026

    Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 𝟤𝟢𝟤𝟧 година

    Мицкоски за тврдењата на Жан Митрев: Не ме изненадува, ќе го чекам Обвинителството да се изјасни

    Куновска за Конгресот на СДСМ: Театар на апсурдот со полна сцена, а смислата отсутна

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.