Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Од 2019 година наваму Стојанче постојано ја тепал и ја понижувал Ивана, иако било пријавувано никој ништо не преземал
    Македонија

    Од 2019 година наваму Стојанче постојано ја тепал и ја понижувал Ивана, иако било пријавувано никој ништо не преземал

    07/03/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што соопшти Обвинителството, јавен обвинител постапува против осомничениот, сопруг на починатата Ивана Јовановски со кого таа била во бракоразводна постапка. Според соопштението, постои основано сомнение дека тој сторил кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.

    „Од кривичната пријава како и од дополнително прибавените докази, произлегува дека во периодот од 2019 година па сè до 2 март кога оштетената – сега починатата Ивана Јовановски, донела одлука да си го одземе животот, осомничениот, нејзин сопруг со кој била во бракоразводна постапка, во повеќе наврати и во континуитет физички и психички ја малтретирал, постојано ја навредувал, ја тепал, ја понижувал и ѝ нанесувал видливи повреди по целото тело. Овие настани сега починатата, но и очевидци и други сведоци ги пријавувале во надлежните институции“, наведува Обвинителството.

    Според обвинителството, ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, по што починатата се нашла во безизлезна состојба.

    „Ваквото сурово и нечовечно постапување од страна на пријавениот како нејзин сопруг се интензивирале во текот на 2025 и 2026 година, поради што сега починатата се нашла во безизлезна состојба и се одлучила на самоубиство, го зела во рацете детето и скокнала од балконот на шестиот кат од станот во кој што живееле, по што двете паднале на бетонската подлога пред зградата и починале на лице место“, се наведува во соопштението.

    Обвинителството соопшти дека на трагичниот настан му претходеле повеќе инциденти истиот ден. Според нивните наоди, осомничениот најпрво се заканувал и ја удирал жртвата во близина на нејзиното работно место.

    „На критичниот ден претходеле неколку настани, а осомничениот најпрво се заканувал и започнал да ја удира оштетената во близина на нејзиното работно место. Потоа, додека со автомобил управуван од трето лице се возеле кон Основниот кривичен суд Скопје, продолжил да ѝ се заканува дека ќе ја убие со што предизвикал кај неа чувство на страв и несигурност. Во близина на судот физички ја нападнал и и нанел телесни повреди – хематоми по главата и телото“, соопштија од ОЈО.

    Според Обвинителството, по овие настани сопружниците заедно со еден од сведоците од училиште ја земале шестгодишната ќерка, по што заминале во домот.

    „Откако од училиште ја зеле 6-годишната ќерка, сведокот ги однел до домот за оштетената да се спакува и да ја носи кај мајка ѝ. Додека сведокот и осомничениот седеле пред зградата, оштетената се заклучила во станот со детето и од таму го извршила самоубиството“, се додава во соопштението.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Од Обвинителството посочуваат дека истрагата продолжува и дека се прибираат дополнителни докази.

    „Обвинителството продолжува да прибира докази за овој комплексен настан, па поради опасноста од бегство на осомничениот, можноста за влијание врз сведоци и вештаци и веројатноста тој повторно да врши кривични дела, надлежниот јавен обвинител оценува дека притворската мерка е неопходна за негово обезбедување во текот на постапката“, се наведува во соопштението.

    Трагедијата во Карпош се случи на 2 март, кога мајката Ивана и нејзината шестгодишна ќерка Катја починаа по пад од балкон на шестиот кат од зградата во која живееле.

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски следниот ден на прес-конференција изјави дека полицијата била на лице место околу два часа пред трагедијата, откако во 12:05 часот била примена пријава за расправија. Полицијата пристигнала во 12:19 часот и разговарала со жената, која тогаш потпишала изјава дека немало физички контакт меѓу неа и сопругот и дека не бара поведување постапка.

    Според Тошковски, полицијата поседува и видео запис од истиот ден на кој се гледа како осомничениот ја удира жртвата. Тој информираше дека осомничениот претходно бил пријавуван за семејно насилство и имал историја на тежок криминал со десет кривични пријави за насилство, кражби и трговија со дрога.

    По трагедијата, соседи и роднини на починатата јавно укажаа дека со години пријавувале семејно насилство и дека институциите не реагирале соодветно. Братот на починатата на социјалните мрежи напиша дека „после години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата“, обвинувајќи дека системот потфрлил да ги заштити.

    И покрај промената на Кривичниот законик во јануари годинава според која МВР треба да постапува по пријави на семејно насилство и покрај тоа што жртвата не покренува постапка, полицијата ваквите новини не ги применува.

    Поврзани вести

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) На 43-годишна возраст, таа призна дека е бисексуалка: „Имам еден живот и сакам да бидам среќна“

    Скопјанец осомничен за ширење содржини на социјални мрежи што поттикнувале омраза кон македонската држава и идентитет

    Тунелот под Ла Манш блокиран, илјадници патници заглавија пред празниците

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.