Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Толку мрачно, толку секси – Марго Роби повторно измамува воздишки

    06/02/2026

    Заработи 480.000 долари на Австралија Опен, па го оствари животниот сон!

    06/02/2026

    Трамп ја поддржува јапонската „железна дама“ Такаичи пред изборите во недела

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи
    Македонија

    Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи

    05/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) вклучувајќи пропусти во управувањето со имот и возен парк, како и при давање угостителски услуги во владините ресторани и бифеа, каде што храната се продава со маржа до 50 отсто, а сметките се средуваат дури на крајот од годината.

    Финансиските извештаи се одговорност на Пеце Мирчевски, кој бил директор во периодот од 06.06.2017 до 13.06.2024 година и Ивица Томовски кој на позицијата е назначен од 28.06.2024 година.

    „Во одредени периоди од годината се забележува низок износ на уплатен дневен пазар, а износот на уплатени средства до јуни 2024 година е значително помал во однос на останатите месеци од годината. Од страна на надлежните лица во Службата дадено е образложение дека поради прекин во одржувањето на фискалната апаратура, за месец јуни не се издавани ниту фискални сметки, ниту парагон блокови за остварен промет во готово. Наведената состојба не е во согласност со член 12 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, во кој уредено е дека во случаите кога е потребен ремонт или поправка на фискалната апаратура, а обврзникот не е должен да поседува резервен фискален систем на опрема, даночниот обврзник е должен за извршениот промет на добра и услуги да издава парагон блок и да води итна сметководствена книга заверени од Управата за јавни приходи“, пишува во извештајот.

    Ревизорите утврдиле дека Службата управува со значителен државен имот и ресурси, но без целосна и ажурна евиденција, без регистар на недвижности и со различни сметководствени практики за исти трансакции.

    Во финансиските книги на Службата се води земјиште вредно речиси 20 милиони денари, иако дел од него, според ревизијата, одамна е продадено или на него се изградени објекти на приватни субјекти. И покрај тоа, имотот сè уште фигурира како државен, а не постојат јасни податоци ниту за користењето на земјиштето во повеќе градови низ државата.

    Во извештајот пишува дека Службата располага со 45 службени возила преку лизинг, но без анализи за реалните потреби и без јасни процедури за нивно планирање и користење.

    Ревизорите утврдиле и дека значаен дел од работните задачи ги извршуваат лица ангажирани преку агенции за привремени вработувања. Само во една година, 21 лице примило над 3,2 милиони денари, иако работеле редовни, систематизирани работни задачи.

    Посебно загрижувачки се наодите за угостителските услуги што ги нотирале ревизорите. Работата на владините ресторани и бифеа се уредува со Упатство од 2010 година, а цените се утврдуваат со ценовник според кој храната и пијалоците првично се зголемуваат за 15 отсто, а од август 2024, за дури 50 отсто.

    На крајот на 2024 година, залихите на храна и пијалаци се проценети на 2,3 милиони денари, но ревизијата покажува дека евиденцијата се води неуредно – дел од приемите се евидентираат веднаш, дел само еднаш годишно, а издавањето од некои објекти се бележи редовно.

    Разликата меѓу набавната и продажната цена на храната и пијалаците, заедно со пресметаниот ДДВ, во 2024 година достигнала повеќе од 10 милиони денари, пишуваат ревизорите во извештајот.

    „Наместо да се прикаже како приход, овој износ бил неосновано евидентиран како извор на капитал и ревалоризациона резерва“, пишува во извештајот.

    Ревизорите утврдиле и дека Службата користи застарен сметковен план, со што трансакциите за храна и пијалаци се водат како „материјали“, спротивно на важечките правила за буџетски корисници.

    Ревизорите препорачуваат итни мерки за воспоставување јасни регистри, усогласување на сметководството со законите и зголемување на контролата врз трошењето на јавните пари.

    Поврзани вести

    Мицкоски: Владата се фокусира на Реформската агенда, избори годинава нема да има

    05/02/2026

    Марвел и стрипаџиите се простија од Сал Бјусема, легендарниот цртач на „Спајдермен“

    05/02/2026

    Земјотреси во Грција и Албанија почувствувани и во земјава

    05/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.