Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Светски ден на рак: Расте смртноста од малигни неоплазми во Македонија, морталитетот е повисок кај мажите
    Македонија

    Светски ден на рак: Расте смртноста од малигни неоплазми во Македонија, морталитетот е повисок кај мажите

    04/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт на глобално ниво, а истата состојба се забележува и во Македонија. Денеска се одбележува Светскиот ден за рак, водечки меѓународен ден за подигнување на свеста за болеста.

    Веднаш по болестите на циркулаторниот систем, ракот претставува втора најчеста причина за смртност во земјата. Податоците за периодот од 2010 до 2024 година покажуваат континуиран раст на стапката на морталитет од малигни неоплазми. Таа се зголемила од 180 на 100.000 жители во 2010 година, на 217 на 100.000 жители во 2024 година.

    „Морталитетот е значително повисок кај машката во споредба со женската популација. Највисоки стапки на смртност се регистрирани кај лицата над 65 годишна возраст. Во оваа возрасна група, стапката на морталитет од малигни неоплазми осцилира, но останува висока – од 881 на 100.000 жители во 2010 година до 821 во 2024 година. И тука, машката популација бележи повисок морталитет во однос на жените. Наспроти тоа, стапката на морталитет кај лицата на возраст од 0 до 64 години е значително пониска“, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). 

    Кај мажите, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми е ракот на бронхите и белите дробови. Стапката на морталитет се движела од 64,8 на 100.000 мажи во 2010 година, со одредени осцилации и достигнала 71,3 на 100.000 мажи во 2024 година.

    „Кај жените, водечка причина за смрт од малигни неоплазми е ракот на дојка. Стапката на морталитет пораснала од 30 на 100.000 жени во 2010 година на 39 во 2024 година, што укажува на потреба од засилени активности за рана детекција и превенција“, се вели во соопштението на ИЈЗ.

    Во овој контекст, Светскиот ден на ракот, кој се одбележува секоја година на 4 февруари, има за цел да ја подигне јавната свест за ракот, да ја поттикне неговата превенција и да мобилизира конкретни акции во борбата против оваа глобална епидемија.

    „Денот е предводен од Унијата за меѓународна контрола на ракот, (UICC) и е воспоставен во 2000 година. Со регулирање на лична, колективна и владина акција, сите ние работиме заедно за да го замислиме светот во кој милиони смртни случаи од рак се спречени и пристапот до третманот и грижата за рак, кој спасува живот е еднаков за сите, без разлика кој сте и каде живеете“, се наведува во соопштението на ИЈЗ.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Најголемата заблуда со машините за перење, сите правиме грешки: „Бројот на килограми не е она што мислите“

    Шокантно:Енцо Мареска пред отказ во Челзи?! Веќе се споменуваат неговите наследници!

    Кинескиот претседател Си Џинпинг се подготвува да го пречека Путин, четири дена откако беше домаќин на Трамп

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.