Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Граѓански организации вклучени во градење Регионален систем за управување со отпад
    Македонија

    Граѓански организации вклучени во градење Регионален систем за управување со отпад

    30/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во Офицерскиот дом во Битола вчера се одржа информативна и консултативна средба со граѓански организации од пелагонискиот и југозападниот регион, посветена на теми врзани со воспоставувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО).
    Средбата беше организирана во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од Salar International, а во фокус беа оперативноста и исполнувањето на обврските на регионалниот систем за управување со отпад.
    На присутните им беше претставен концептот на РСУО и планираните активности со кои ќе се затворат постојните општински и диви депонии, изградба на претоварни станици и собирни центри.
    На средбата беше нагласено дека станува збор за комплексен систем кој може да функционира само ако има поддршка и координација меѓу институциите, граѓаните и граѓанскиот сектор.
    Градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски, кажа дека управувањето со отпад е чувствително прашање и за институциите и за граѓаните и затоа ги повика граѓанските организации активно да се вклучат и да придонесат во процесот.
    Претставници на граѓански организации оценија дека ваквиот пристап овозможува појасна слика за процесот и создава основа за градење доверба и заедничка работа. На средбата беше претставен и предлог-планот за вклучување на граѓанските организации во клучните процеси поврзани со РСУО и тоа во изработката на регионалниот и локалните акциски планови за управување со отпад, како и во комуникациските активности поврзани со системот.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Божиќниот портрет на Трампови предизвика конфузија околу еден детаљ

    МНТ: Денеска се простуваме од нашиот Кили

    Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.