Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Атанасов: Кога ќе примиш 19 тројки…

    19/12/2025

    Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности

    19/12/2025

    Дојде редот и на нивните желби: во 2026 година три знака конечно ќе нижат успеси на секое поле

    19/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Бура или само „кадифени“ реформски иницијативи се случуваат во СДСМ
    Политика

    Бура или само „кадифени“ реформски иницијативи се случуваат во СДСМ

    18/12/20258 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, член на СДСМ и порано во високите раководни структури на партијата, отворено побара оставка од актуелниот и неодамна реизбран партиски лидер, Венко Филипче.

    Шилегов тоа го направи јавно, со објава на социјалната мрежа Фејсбук, со ветување дека нема да го заборави барањето за оставка и реформи и по претстојните новогодишни празници.

    „Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!!! Или тешка ви е одговорноста ? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош!!! М? Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави…“, напиша Шилегов на Фејсбук, за подоцна да додаде со категорична потврда за да не останат дилеми – „Да!!! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“.

    Оставки и иницијатива за нов партиски концепт без конфликт

    Во меѓувреме претседателите на општинските организации на СДСМ во Битола и во  Крива Паланка, Методија Куновски и Сашо Митовски поднесоа оставки на своите партиски функции. Особено е индикативна оставката на Митовски, кој е градоначалник на Крива Паланка, еден малкуте градоначалници од СДСМ, кој вториот мандат го доби уште во првиот круг на неодамнешните локални избори.

    Митовски, причините за својата оставка ги лоцира како реакција на моментот од последните одлуки во партијата поврзани со новото раководство, но за Мкд.мк вели дека неговата оставка не е со намера да создава раздор во партијата, туку да поттикне посериозен реформски концепт и програма, потребни како одговор на предизвиците со кои се соочува СДСМ во македонскиот политички амбиент.

    Речиси истовремено со оставките на двајцата претседатели на општинските организации на СДСМ, во јавноста беа пласирани информации, навидум на ниво на шпекулации дека поранешни високи функционери на СДСМ покренале неформална иницијатива, чија цел не е промени по пат на внатрешен конфликт, туку создавање на силен и победнички СДСМ со заеднички сили. Оваа иницијатива не треба да резултира со изострување на конфликт со актуелниот лидер Филипче, туку треба да подготвува политички концепт и кадровска понуда со кои ќе настапи на сцена кога ќе созреат услови, при што се проценува дека тој момент би можел да дојде веднаш по следните парламентарни избори, без оглед дали тие би биле во редовен или предвремен термин. Упатени извори посочуваат дека оваа иницијатива треба да се подготвува да настапи со политички концепт и кадровска понуда кога ќе созреат услови, при што се проценува дека тој момент би можел да дојде веднаш по следните парламентарни избори. Како „истурени“ фаворити на оваа иницијатива се споменуваат поранешниот потпретседател на СДСМ, Игор Ивановски и поранешниот генерален секретар, Андреј Петров.

    Еден од споменатите, Андреј Петров е воздржан за изјави во однос на постоењето и иднината на оваа иницијатива, но за Мкд.мк, само нагласи дека „не само што е член на СДСМ, туку е и еден од основачите на партијата“, па секое негово дејствување е во интерес на партијата. А неговиот принцип е она што го говори јавно во медиумите, го кажува и во структурите на партијата. Затоа, во моментов смета дека во поглед на неформалната иницијативата за промени во СДСМ, за која веќе се говори во јавноста – да се остави времето да покаже.

    Сепак, од неофицијалните разговори со некои од поранешните високи функционери во СДСМ, се добива впечаток дека превирањата во партијата се сериозни, а неформалната иницијатива за порадикални реформи многу наскоро може да стане формална. Во однос на прашањата за довербата и капацитетите на новоизбраното раководство на партијата, некои од поранешните партиски функционери за одговори ги упатуваат новинарите – во Струмица.

    Деспотовски: СДСМ сè уште чека да му се случи „нова приказна“

    Јован Деспотовски, еден од ретките поранешни функционери на СДСМ, кој во оваа очигледно ситуација на превривање во партијата се согласува да одговори на новинарските прашања на Мкд.мк, вели дека и по последните реформи во раководството – СДСМ сè уште чека да му се случи „нова приказна“.

    Вашата партија, СДСМ, избра ново раководство. Како ја цените оваа кадровска реформа во раководството, во контекст на предизвикот за партијата барем да го одржи статусот на најголема опозициска партија во актуелниов политички миг?

    -Не сметам дека кадровски промени, сами по себе, носат одлучувачка помена во политиката се додека немаме суштинска промена во пораката односно приказната. СДСМ сè уште очекува да му се случи „нова приказна“, во која секако треба и мора да има и некои елементи од некоја предходна, која е препознатлива кај поголемиот дел од нашето традиционално гласачко тело. Се додека ова отсуствува може да зборуваме за дали ќе се одржи статусот на главна опозициска партија, но не и дали сме конкуретни со нашиот прв политички опонент – ВМРО ДПМНЕ.

    Согледувате ли капацитет и амбиција во овој нов состав да создаде понуда, т.е.програма за сериозна конкурентност на некои наредни парламентарни избори, во случај тие да се одржат во редовен термин? 

    -Во овој момент, за жал, одговорот е не. Амбицијата постои, и таа е неспорна и чиста кај поголемиот дел од луѓето што и ги познавам, а што се дел од овој состав. Сепак, за „сериозна конкуретност“ треба многу повеќе од амбиција. Треба сериозна работа, а пред сето тоа треба приказна, која сè уште се обидуваме да ја изградиме.

    Постои ли потенцијал во СДСМ да издејствува ситуација со кој би ги ангажирал останатите политички фактори во Македонија, но и граѓаните за потреба од предвремени парламентарни избори? 

    -Не. Во моменталната поставеност на работите сметам дека изразен доминантен фактор во политичките процеси во Македонија е ВМРО ДПМНЕ. Ваквата доминација не е добра за никого, вклучително и за нашите политички опоненти. Но, тоа е што е. Прашањето сè уште останува – ДАЛИ, а не КОГА СДСМ би бил подготвен да ја предизвика оваа доминација, вели Јован Деспотовски.

    Избрано и „новото“ раководство на СДСМ

    На седницата на Централниот одбор во вторникот, на 16 декември. СДСМ го избра новото раководство на партијата. Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, како предлози на претседателот Венко Филипче.

    Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, додека организациски секретар е повторно Љупчо Фармаковски. Во раководството се враќа и Ана Чупевска, која ќе го предводи новооформениот советодавен совет на партијата.

    Александар Давчевски е избран за претседател на Градската организација на СДСМ. Во Извршниот одбор остануваат Андреј Жерновски, Агрон Демири и Симона Цветановски, додека поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, е меѓу новите членови.

    Венко Филипче исто така ги предложи Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски и Филип Андов-Сокол за во Извршниот одбор.  Фани Каранфиловска-Пановска ќе остане заменик-претседателка.

    Претходно, неуспехот на СДСМ на неодамнешните локални избори резултараше со повлекување на целото раководство на опозициската партија со исклучок на лидерот Филипче. Тој веднаш по изборите изјави дека ја презел партијата во исклучително лоша состојба и воедно најави дека ќе продолжи да работи на процесот на нејзина консолидација.

    Ј.П.

     

    Филипче му одговори на Шилегов: Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала

     

    Лидерот на СДСМ, Венко Филипче одговори на барањето за оставка на Петре Шилегов, на ист начин како што беше упатено – со објава на Фејсбук.

    „Удривме во осино гнездо. Ја откривме најголемата предавничка операција што се подготвувала. Денес можеме да кажеме и дека таа е веќе потпишана. Само уште изборите нè делат од реализацијата на ова сценарио, на овој план. Не само што ја забранија темата, туку и се закануваат со затвор.

    Паниката во редовите на ДПМНЕ е толку голема што веќе не бираат средства. Тоа јасно се гледа и по бројот на лажни вести и измислени случаи и наводни афери кои секојдневно ги пласираат во медиумите, со цел да го тргнат вниманието од суштината.

    Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, тоа не го доживувам лично, туку на целата партија, на сите нејзини членови.

    А вие видовте и каква машинерија беше подготвена – за помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија на своите канали.

    Јавно да се изнесуваат вакви работи во момент кога ДПМНЕ нè напаѓа од сите страни со цел да го замолчи нашиот глас на вистината, не е случајно. Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови.

    Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме.

    До него е да одлучи која страна ќе ја избере.

    По овој пат сакам да им порачам на сите нив: ние сме на патот на правдата. Никој нема да нè запре. Ќе ја одбраниме Македонија и ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Никој нема да нè запре, а најмалку вакви обиди.

    Кој сака – нека се приклучи! Кој не може или не сака – нека остане настрана! Правдата ќе победи“, напиша Венко Филипче на својот Фејсбук-профил.

     

     

    Поврзани вести

    Минчев: Новата ИТ-алатка е системска промена во начинот на планирање, спроведување и следење на јавните политики

    18/12/2025

    ЕУ мора да ги исполни очекувањата што ги создава, рече Кошта по самитот ЕУ-Западен Балкан

    18/12/2025

    Декларација од Брисел: Потврда на стратегиското партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан

    18/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.