Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Дезинформациите се предизвик за демократијата, во Македонија се меша странската пропаганда со внатрешната поларизација
    Македонија

    Дезинформациите се предизвик за демократијата, во Македонија се меша странската пропаганда со внатрешната поларизација

    17/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Дезинформациите имаат за цел да ја предизвикаат демократијата и преку различни актери да го обликуваат геополитичкиот пејзаж, но градењето отпорност може да се справи со овој удар и да ја заштити демократијата. Ова меѓу другото го истакнаа експертите од оваа област, дискутирајќи за дезинформативните наративи, начините и негативните влијанија што тие ги носат и во Северна Македонија, пишува Порталб.мк.

    Според истражувањето спроведено од Демокраси Лаб“ и „Пикаса Аналитикс“ и „Демокраси Лаб“, во партнерство со Институтот „Макс ван дер Стоел“, од 18.110 анализирани написи во периодот мај-октомври за содржини со злонамерни ставови од медиумите во Северна Македонија, произлезе дека: 21% од нив содржат антизападни наративи, 15-25% содржат анти-ЕУ наративи, 10-15 содржат анти-НАТО наративи, и други случаи со злонамерна содржина на етничка, религиозна или родова база.

    Едлира Палоши Диша од Институтот „Макс ван дер Штул“ истакна дека дезинформирањето е активно и систематско, при што речиси една четвртина од целата анализирана содржина пренесува наративи поврзани со Кремљ или антизападни ставови.

    „Овие наративи меѓусебно се засилуваат, создавајќи така еден кохерентен екосистем на антизападна и проавторитарна пропаганда. Медиумите на македонски јазик се главните цели“, изјави Палоши Диша.

    Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација при УЈИЕ, Демуш Бајрами, нагласи дека дезинформациите во денешно време претставуваат закани кои не познаваат граници. Според него решението е во инвестирањето во демократските вредности, независните медиуми и граѓанскиот ангажман.

    „Дезинформирањето не се обидува да убеди со факти, туку да манипулира со убедувањата на луѓето. Наспроти овој предизвик нашиот одговор може и мора да биде силен. Заштитата на демократијата денес е безбедносен императив“, рече Бајрами, додавајќи дека оваа генерација има предност да биде застапник на овие прашања.

    Според Сефер Селими, директор на „Демокраси Лаб“, дезинформирањето не е само прашање на медиумите, туку предизвик за знаењето, критичкото и демократското размислување.

    „Дезинформирањето не влијае само на убедувањата, туку и на однесувањето и одлучувањето. Демократијата не се брани со декларации, туку со интегритет и континуирана соработка“, изјави Селими.

    Дезинформациите влијаат и врз изборните процеси, истакна Џабир Дерала од „Цивил“, кој нагласи дека во нашата земја тоа се забележува преку сè помалата излезност на изборите.

    „Дезинформациите се оружје, тие убиваат. Дезинформациите не се само медиумски проблем, тие се стратешка инсталација која го дестабилизира општеството“, рече Дерала.

    Наблудувачката на медиумите од Фондацијата „Метаморфозис“, Деспина Ковачевска, истакна дека друг проблем покрај дезинформациите се и опасните и штетни наративи кои се создаваат. Според неа, дезинформациите можат да се проверат, а наративите не секогаш можат да се проверуваат.

    „Она што можеме да го направиме е да еден имаме сеопфатен општествен пристап: институциите, академијата, младите. Да работиме заедно на овој проблем. Но, и финансирањето игра голема улога во оваа насока“, додаде Ковачевска.

    Албулена Халили од Институтот „Макс ван дер Штул“ ја објасни улогата што академијата ја има и треба да ја има во оваа насока. Според неа, дезинформирањето не е само медиумски проблем како што се мислеше на почетокот, туку е проблем на националната безбедност.

    Таа ја спомена Северна Македонија како мултиетничко и поларизирано општество, и искористувањето на овој момент од страна на Русија за да ги постигне своите дестабилизирачки цели.

    „Дезинформирањето е дел од војната на новата генерација. Она што се случува со дезинформациите е напад врз либерално-демократскиот поредок. Мора да бидеме внимателни со ова малку демократија што ја имаме и како да ја однесеме чекор понапред“, рече Халили.

    Според наодите од истражувањето, Северна Македонија се соочува со координиран информативен напад, при што странската пропаганда се меша со внатрешната поларизација.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од понеделник почнува примената на системот „Безбеден град“ на подрачје на СВР Охрид

    Студентите во домот „Гоце Делчев“ без топла вода и во друштво на глувци

    Шест романи остануваат во трка за наградата „Роман на годината“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.