Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Кралицата на латексот повторно се „стегна“ во фустан и го покажа своето совршено тело

    16/12/2025

    Норис е светски првак, ама некој друг е со најголема заработка во Ф1 за 2025!

    16/12/2025

    (Фото) Одржан традиционален предновогодишен концерт на Воениот оркестар

    16/12/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ИЈЗ: Во Македонија опаѓаат стапките на имунизација кај децата
    Македонија

    ИЈЗ: Во Македонија опаѓаат стапките на имунизација кај децата

    13/12/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Покрај финансиските бариери, Македонија се соочува и со сериозни структурни предизвици – опаѓање на стапките на имунизација кај децата, намалување на очекуваното траење на животот поради пандемијата, висок товар од незаразни болести, висока преваленца на пушење, како и иселување и стареење на здравствените работници. Овие фактори дополнително го усложнуваат обезбедувањето правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

    Ова е наведено во објавата на Институтот за јавнво здравје (ИЈЗ), по повод Светскиот ден на универзална здравствена покриеност, кога се дава значење на тешкиот товар и сериозните последици што ги носат недостапните и премногу високите трошоци за здравствени услуги, како за поединците, така и за заедниците.

    „Здравствениот систем во Македонија обезбедува релативно сеопфатен основен пакет услуги, а задолжителното здравствено осигурување опфаќа повеќе од 90% од населението. Ова е значајна основа за постигнување напредок кон универзална здравствена покриеност. Иако голем дел од услугите на примарно ниво се бесплатни, партиципациите за специјалистички прегледи, болничко лекување и лекови претставуваат бариера за пристап кон здравствените услуги. Во последната деценија се забележува намалување на незадоволените здравствени потреби поради финансиски причини, но тие и понатаму се високи кај лица со ниски приходи“, велат во ИЈЗ.

    Истовремено, како што се додава во објавата, информацискиот систем „Мој Термин“ во голема мера ја подобрил ефикасноста на закажувањето на прегледи и дијагностички услуги, но сепак неговата улога во примарната здравствена заштита може дополнително да се зајакне за да се обезбедат поголема достапност и континуитет на грижата.

    На светско ниво, и покрај бројните политички заложби и меѓународни декларации за постигнување универзална здравствена покриеност до 2030 година, реалноста е загрижувачка: повеќе од половина од светското население сè уште нема пристап до основни здравствени услуги.

    „Едно од четири лица се соочува со финансиски потешкотии при плаќање здравствени услуги од сопствен џеб, што често значи избор меѓу здравјето и другите основни потреби како храна, домување или образование. Универзалната здравствена покриеност не е само здравствена политика, таа е предуслов за одржлив развој и општествена стабилност. Општествата со поздрави граѓани се поотпорни на кризи, попродуктивни и поуспешни. Кога луѓето го избегнуваат или одложуваат користењето на здравствената заштита поради високите трошоци, тоа води кон влошување на здравјето, зголемен товар од болести и долгорочни економски последици за семејствата и заедниците“, се додава во објавата на ИЈЗ.

    Светската здравствена организација (СЗО) повикува на итно дејствување – јакнење на мерките за финансиска заштита, намалување и постепено елиминирање на директните плаќања за здравствени услуги и обезбедување правичен пристап за најранливите категории: лицата со ниски приходи, хронични заболувања, како и лицата што се соочуваат со различни форми на социјална ранливост.

    „Денот на универзална здравствена покриеност е глобална мобилизациска точка што ги потсетува владите дека декларациите мора да се претворат во реални политики, мерки и инвестиции. Овогодинешниот слоган „Високи здравствени трошоци? Доста е!“ ја отсликува растечката загриженост и незадоволство кај луѓето ширум светот кои се соочуваат со ваквите предизвици. За милиони семејства ова е секојдневие која ја продлабочува сиромаштијата и ги зголемува социјалните нееднаквости“, се вели во соопштението.

    Поврзани вести

    Отворена новата авиолинија Скопје-Прага

    15/12/2025

    Понуда со „астрономски“ цени за третман на бездомни кучиња во Тетово, Касами се правда дека цените се намалени

    15/12/2025

    Земјотрес во Урошевац, почувствуван и во Скопје

    15/12/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.