Македонскиот фудбалски шампионат, денеска го добива својот есенски шампион. Лидерот, екипата на Вардар денеска го игра својот последен дуел есенва, кој што е дел од 16. Коло од ПМФЛ шампионатот, и евентуалниот триумф против тимот на Македонија ЃП на гостински терен од 13:00 часот значи презимување на лидерската позиција.
Секако, од „сенка“ чека тимот на Струга ТЛ кој што чека кикс на Вардар, но тоа го прави на гостувањрто кај Тиквеш во Кавадарци во истиот термин.
„Свесни сме за ситуацијата во која што се наоѓаме. Знаеме добро што значи овој дуел за клубот, за нас како екипа, за навивачите, за сите. Затоа сме максимално подготвени. Нема дилеми дека во овој дуел ќе се влезе како да играме финале. Многу нешта зависат од овие деведесет минути. Не е важно што играме против Македонија ЃП. Исто ќе се однесувавме и да беше било кој друг тим. Овој Вардар покажа дека заслужува да биде на врвот, да биде лидер, да биде најдобар, затоа што во изминатите 15. Кола од оваа полусезона и беше тоа. Најдобар, лидер, покажа најмногу. Одиме денеска по победа па на заслужен одмор“ – изјави голманот на Вардар, Давор Талески.

