Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Најмалку еден загинат и 7 повредени во руски напад со дронови врз Киев
    Свет

    Најмалку еден загинат и 7 повредени во руски напад со дронови врз Киев

    29/11/20251 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Најмалку едно лице загина, а седуммина меѓу кои и 13-годишно дете, се повредени во руски дронски и ракетен напад врз Киев изутринава, пишува Би-би-си.

    Раните утрински експлозии оштетија станбени згради во повеќе делови од градот. Градоначалникот Виталиј Кличко, изјави дека четири лица се пренесени во болница, а пожар избувнал на пониските катови од една висококатница западно од центарот. Друг пожар бил ставен под контрола во централниот дел на градот.

    Шефот на воената администрација, Тимур Ткаченко, потврди дека ударите погодиле „повеќе цели на периферијата на главниот град“ и дека воздушната одбрана е активирана против дронови над градот.

    Регионални власти јавија дека и во Бровари, источно од Киев, две жени биле повредени кога ракети и дронови погодиле станбени подрачја.

    Овој напад се случува само неколку дена по слично руско бомбардирање што усмрти седум лица во Киев, додека истовремено беа пријавени жртви и во руската област Ростов.

    Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот ги повтори своите услови за прекин на војната, барајќи украинско повлекување од териториите што Москва ги смета за свои. Тој потврди дека американска делегација, предводена од специјалниот пратеник Стив Виткоф, ќе престојува во Москва следната недела за разговори за мировниот документ.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кадетките одат по златен медал: Ќе се бориме до крај, сакаме да ја израдуваме нацијата!

    Историјат: Таа проклета 90+6.минута! (ВИДЕО)

    Трамп најавува намалување на активностите, а истовремено испраќа повеќе маринци на Блискиот исток

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.