Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кога се штеди на превенција – последиците се скапи!
    Македонија

    Кога се штеди на превенција – последиците се скапи!

    20/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Новата кампања на граѓанските организации кои работат на унапредување на здравствената заштита „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ потсетува дека игнорирањето на превенцијата има висока цена за жените, за семејствата и за целиот здравствен систем, пишува ОКНО.

    ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување заедно со партнерските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари ја започнуваат националната кампања „Кога се штеди на превенција – последиците се скапи“.

    Кампањата е јавен повик за систем кој ќе ја стави превенцијата во центарот на здравствените политики, затоа што секој заштеден денар денес, утре се плаќа поскапо-  на штета на здравјето на граѓаните и на системот кој троши повеќе за лекување.

    Иако државата има обврска да обезбеди достапна превентивна здравствена заштита за сите, бројките говорат поинаку:

    • 80 % од жените плаќаат за гинеколошки услуги кои им следуваат бесплатно;
    • Само 30 % од жените се опфатени со скрининг за рак на грлото на матката, наместо потребните 75 % за период од 3 години;
    • Граѓанските организации откриваат еден ХИВ позитивен случај на 150 тестирања, додека здравствените установи еден ХИВ позитивен случај на 1150 тестирања;
    • 92 % од жените Ромки не знаат дека имаат право на бесплатен гинеколошки преглед.

    Кампањата содржи инфографици, видеа, пораки од здравствени работници, како и конкретни повици за акција. Преку овие содржини, ХЕРА и партнерските организации апелираат за зголемување на буџетите за превенција и обезбедување на еднаков пристап до здравствена заштита, независно од приходот, местото на живеење или етничката припадност.

    Превенцијата не е трошок, напротив, таа е инвестиција во здрави животи и во поефикасен здравствен систем. Затоа, ХЕРА и партнерите бараат конкретни мерки и буџетски одлуки кои ќе го стават здравјето на граѓаните во центарот на јавните политики.

    Проектот „Унапредување на здравствените права на девојките, жените и ранливите групи“ партнерски го спроведуваат ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

    Погледнете дел од материјалите од кампањата тука.

    Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

    Контакт за медиуми

    • ХЕРА – Асоцијација за здравственаедукација и истражување: hera@hera.org.mk
    • Здружение за емнаципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ bpavlovski@esem.org.mk
    • Здружение за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ – Заедно посилни andrej@zp.mk
    • Зружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари inicijativanazeni.sutoorizari@gmail.com

    Поврзани вести

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/2026

    Пациент од Куманово е деветтата жртва на западнонилската треска

    21/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026

    Кардиолозите предупредуваат: Оваа навика по стресен ден е лоша за срцето

    21/09/2026

    Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар

    21/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сајбер нападите на Русија врз земји од НАТО зголемени за една четвртина за една година

    Во април евидентирани пет нови лица заразени со ХИВ

    Сребро и бронза за Македонија на првиот ден на Скопје Опен Г1

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.