Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Во Собранието интервјуа со кандидатите за претседател на ДКСК
    Македонија

    Во Собранието интервјуа со кандидатите за претседател на ДКСК

    18/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Комисијата пред одржувањето на локалните избори констатираше дека 10 од пријавените 12 кандидати за претседател на ДКСК ги исполнуваат условите. То се Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери. Како што е предвидено интервјуата ќе се одвиваат денеска и утре.

    Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на 13 август формираше Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која согласно законот е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупција, Бардил Јашари, претставник на здружението односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од Вреди, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт.

    Во рок од три дена од спроведувањето на интервјуто, Комисијата за селекција утврдува ранг-листа на кандидатите согласно со утврдените критериуми и ја доставува на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, која во рок од два дена, најдобро рангираните кандидати му ги предлага на Собранието во единствена предлог листа за претседател и членови на ДКСК, со образложение за секој од предложените кандидати.

    За претседател на Државната комисија може да биде именувано лице кое е македонски државјанин и има постојано место на живеење во земјава, да има деловна способност, да има високо образование со стекнати најмалку 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на политичките, комуниколошките или економските науки, да има најмалку десет години работно искуство по завршување на високото образование, од кои најмалку осум години работно искуство во областите на откривање или спречување корупцијата, владеење на правото или добро управување, да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност, во последните десет години да не било пратеник во Собрание, член на Владата, да не било донатор на политичка партија или да не вршело функција во органи на политичка партија.

    Поврзани вести

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Пилиповиќ: Горд сум на оваа победа во Грција, но ова беше само прво полувреме

    Слот: Имавме доволно шанси за водство

    Инклузивна промоција на сликовницата „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.