Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Сидни Свини има нова секси реклама по скандалот

    28/09/2026

    Иво Бару ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во „Catan“ овој ноември во Португалија

    28/09/2026

    (Фото) Борис Бекер го покажа својот згоден син: девојките веднаш полудеа по него

    28/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење
    Политика

    Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење

    16/11/20255 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Да им помогнеме на Министерството за спорт и Министерството за образование во промоцијата на рекреативното планинарење и во негово омасовување. Да му посветиме поголемо внимание на предметот Физичко образование во сите степени на образование и да вклучиме во него искачување на планина, оти над речиси секое наше населено место има таква, не случајно. Да изградиме, во соработка со локалната самоуправа соодветна инфраструктура, планински домови, куќички, видиковци, но и поголеми сместувачки капацитети, одморалишта, хостели, хотели. Знам дека имаме скромни капацитети и можности, но може да почнеме со реновирање на планински домови, а потем и со градење нови. Свесна сум дека се работи за големи инвестиции, но со очекувана сигурна добивка и придобивка за сите граѓани. Не ни требаат светски примери од далеку, доволно е да ги видиме и следиме примерите од соседството за односот кон планините и природата, кон планинарењето и спортот“, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“.

    Во обраќањето на свечената академија за јубилејот на „Љуботен“ што се одржа синоќа во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово под нејзино покровителство, Сиљановска-Давкова напомена дека имаме посебна обрска да го заштитиме планинското богатство со кое, рече, сме благословени. Должни сме, истакна претседателката, да ги сочуваме ретките и загрозени видови дрвја, животни, билки, птици, инсекти, а природата ќе ни врати со чист и свеж воздух, ќе не штити од порои и поплави, ќе не лекува и ќе не храни.

    „Да ја афирмираме филозофијата на здрав живот. Да направиме култ од планинарењето меѓу младите. Наместо кон коли и алкохол, да ги мотивираме и да ги насочиме кон физичка и спортска активност на планините. Да го омасовиме рекреативното планинарење“, потенцира Сиљановска-Давкова.

    За неа е неспорно дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот.

    Претседателката изрази благодарност до сите генерации планинари, посебно до членовите на Љуботенската фамилија.

    „Благодарение на Планинарскиот клуб „Љуботен“, но и на другите четири тетовски планинарски клубови, како и на останатите, расте популарноста на планинарењето како особено здрава и интриганта спортско-рекреативна дејност. Низ планинарските клубови како престижни училишта за планинарско знаење и вештини, поминаа низа генерации ученици – планинари. Ги научија најголемите тајни на планините, ја почувстуваа неодоливата планинска привлечност, на којашто не и одолеја, воспоставија искрена и трајна врска со планинскиот свет, посегнаа по грижа за шумите, ливадите, билките, животните, птиците, потоците и езерцата, станаа едно битие со природата. Меѓу вас и со вас беа и се и алпинистите, чиј лимит се висовите, чие освојување е човечки натпревар со себе, или себеослободување, трансцендирање во метафизички свет, во друга димензија, онаа на неможното како можно. Вие ја разбудивте детската љубопитност за шаренилото на Шара кај обожавателите на планинините преку сликите што прикажуваат убавина со магична и магнетна привлечност. Вие предизвикавте невидена радост кај зависниците од зимската белина, каде и да се, вие ги вознемиривте талкачите по возбуди со чудните врвови и опасни терени, насочувајќи им ги мислите кон чудото над Тетово, небаре симфонијата на Вивалди за четирите годишни времиња на Шара. Привилегираните кои имале шанса да ја видат и почувствуваат, по љубовта на прв поглед, сами себе си ветуваат дека ќе се вратат, оти доживеале неизлечива благословена зараза ту од апсолутен мир, ту од апсолутна возбуда. Значи, никој чии очи ја здогледале шарената убавица Шара, не останал рамнодушен на неа“, нагласи претседателката.

    На Љуботенци им порача да го продолжат другарството со Шара.

    „Привлечете нови пријатели, убедувајќи ги дека планинарењето не е само спорт, туку и здравство, туризам, екологија, економија, безбедност, па и музика, поезија, романса. Верувам дека планината ги здружува луѓето и во добро и во зло, во планинарењето и во зимските спортови, поттикнувајќи ги солидарноста, натпреварот и хуманоста, како и облагодарувајќи ги натпреварувачкиот дух и желбата за победа. Совршеноста на природата раѓа мирни и мировни вибрации кај луѓето, а не воинствени и уништувачки. Можеби затоа планинарите не се откажуваат од планината и имаат насушна потреба од неа, како сечовечки мелем и лек за среќната или несреќна душа. И јас не сум исклучок. Никогаш, никогаш нема да ја заборавам магијата на Лешница. Можеби затоа е крај мене убавицата Караманка, девојката – планинка. Очекувам раст и развој на Планинарскиот клуб ‘Љуботен’, подобри денови за планинарите и планинарењето, рекреацијата и спортот, со цврста верба дека се незаменливи и најефикасни бранители на нашето, од сите страни атакувано физичко и ментално здравје. Овој голем јубилеј ни овозможува да ги сумираме резултатите не само низ лична, индивидуална, туку и низ социјалната димензија“, рече Сиљановска-Давкова.

    На настанот се обратија и претседателот на ПК „Љуботен“, Јован Божиноски и претседателот на ФПСМ, Зоран Читкушев.

    Присутните имаа ретка прилика да ја проследат богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен“ преку презентацијата на документарен филм и  мултимедијалната изложба во галеријата на Домот на културата.

    На претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на неколкумина најзаслужни членови на клубот, како и на неколку домашни и странски институции и програми им беа доделени плакети за трајни вредности.

    The post Сиљановска-Давкова: Во предметот Физичко образование да вклучиме и планинарење appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Сидни Свини има нова секси реклама по скандалот

    28/09/2026

    Иво Бару ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во „Catan“ овој ноември во Португалија

    28/09/2026

    (Фото) Борис Бекер го покажа својот згоден син: девојките веднаш полудеа по него

    28/09/2026

    Вучиќ поднесе оставка од функцијата претседател на Србија

    28/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Муслиманите го одбележуваат Рамазан бајрам, од државниот врв пристигнаа честитки за празникот

    Влен: За Али Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња

    Сали: Сите реформски чекори ќе бидат исполнети до јуни

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.