Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Сиљановска-Давкова: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората
    Политика

    Сиљановска-Давкова: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората

    28/09/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Трагајќи по среќата, некои од вас или од вашите родители, баби и дедовци, се населиле во САД и Канада. Каде и да сте, вие, иселениците, со многу труд, посветеност и жртва, создавате вредности и стекнувате почит во новите средини. Ве има во речиси секој сегмент на општествата – како успешни бизнисмени и менаџери, врвни научници и лекари, реномирани уметници и наградувани спортисти, реномирани публицисти и професори. Гледајќи ги примерите на Мајк и Мариен Илич, Џон Битов, Мајк Зафировски, Светлана Мојсова, Крис Павловски, да спомнам само дел од македонското иселеничко соѕвездие, некој би рекол дека успешните иселеници веќе ја достигнале среќата“, рече Сиљановска – Давкова.

    Како што јави известувачот на МИА, обраќајќи се пред големиот број иселеници кои, покрај од Детроит, беа дојдени и од други делови на Америка, таа го постави прашањето дали има вистинска среќа без идентитет, без чувство за припадност.

    „За дијаспората, потрагата по среќа не завршува во туѓина туку продолжува кон Македонија. Вашата среќа во голема мера зависи од среќата на татковината“, рече претседателката.

    Таа притоа посочи дека од независноста наваму, успехот на македонската држава се мери според тоа дали таа е пристојно место за живеење и дали им нуди еднакви шанси за напредок на сите нејзини граѓани. Токму ова право, како што рече, е загрозено од корупцијата, „но и од долгогодишните неправедни блокади на нашите европски интеграции коишто ја исцрпуваа државата и сè уште ги фрустрираат македонските граѓани, повредувајќи го нивното, вашето, нашето достоинство“.

    „Затоа, сè повеќе наши млади веруваат дека потрагата по среќа ги води надвор од нашата татковина. Иселувањето на младите стана најголемата закана за иднината на Македонија. За да го спречиме егзодусот, пред да биде предоцна, потребна ни е помош од дијаспората“, рече Сиљановска – Давкова.

    Според неа, во минатото се носеле одлуки коишто се одразувале и на македонската дијаспора без таа да биде консултирана. – Се правеле компромиси на сметка на симболите и атрибутите на македонската држава и на македонскиот идентитет. Ова е особено тешко, имајќи предвид дека иселеничка Македонија е побројна од домицилна Македонија. Да се занемари македонската дијаспора значи да се игнорира повеќе од половина од народот, истакна претседателката.

    Таа смета дека таквиот однос доведе до отуѓување меѓу матицата и дијаспората и тоа на штета на државните и национални интереси, додавајќи дека сепак од двете страни отсекогаш имало луѓе со големо разбирање коишто ја одржуваа врската меѓу татковината и дијаспората.

    „Дијаспората е дел од Македонија како што Македонија е дел од дијаспората. Мојата посветеност кон дијаспората е повеќе од изборна реторика. Нашата Влада подготвува петгодишна Национална стратегија за дијаспората, при што мојот Кабинет активно учествува преку свои претставници. Оваа стратегија треба да ѝ овозможи на дијаспората многу поактивно да се вклучи во јавната расправа и во зајакнувањето на државата. Дополнително, како што ветив во мојата изборна програма, планирам формирање на Совет за дијаспора при Кабинетот на Претседателот“, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

    Поради тоа, додаде, „државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти вашите врски со Македонија“. Посочи дека политиките кон дијаспората мора да бидат непартиски и приоритетни, без разлика кој е на власт.

    „Ни претстои голема работа. Земјите со силни дијаспори просперираат. Земјите со слаби дијаспори стагнираат. И тука не станува збор само за финансиски средства или за лобирање, туку за нешто многу подлабоко. Станува збор за пренос на вредности, споделување знаења и вештини, подигнување на очекувањата за животниот стандард, негување на поодржливи навики. Како што татковината треба да го чува минатото на дијаспората, така дијаспората е чувар на иднината на татковината“, истакна претседателката.

    За неа нема поубав начин да се заокружи посетата на Соединетите Американски Држави од средба со македонската дијаспора од Америка.

    „А македонската приказна е навезена од семејни приказни, не само дома, туку и во дијаспората. Но, вашата приказна е и наша приказна, а нашата е и ваша и ќе трае сè додека се раскажува“, рече во обраќањето претседателката Сиљановска – Давкова.

    На настанот по повод 20 години Обединета македонска дијаспора, се обрати и претседателот на ОМД Арги Белио, кој рече дека нашинците од дијаспората секогаш помагаат онаму каде што е најпотребно и дека во татковината досега се инвестирани повеќе милиони долари. Тој најави дека поддршката од ОМД, која пред 20 години започна како движење, а сега е Дијаспора, ќе продолжи, бидејќи, како што рече, тоа се вика патриотизам.

    На претседателката Сиљановска – Давкова од страна на коосновачот и почесен претседател на ОМД Мето Колоски и беше доделена наградата „Глобален државник“, додека Маријан Илич, македонско-американска стопанственичка, ја доби наградата „Ќерка на Македонија“. Поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции Џери Наумоф е добитник на наградата „Македонско наследство во јавната служба“. По повод 20-годишнината на ОМД беа врачени и наградите „40 под 40“, кои се доделуваат на 40 успешни Македонци под 40 години.

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Со „Набуко“ ќе се затворат Мајските оперски вечери, изведбата посветена на Ристе Велков кој загина во кобната сообраќајка

    Земјотрес со јачина од 5,6 степени по рихтер ја погоди Малатија, источна Турција

    Трамп: САД ќе управува со Венецуела додека не се одржи безбедна транзиција и најави нови напади

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.