Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него
    Македонија

    На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

    11/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На поранешниот градоначалник на Општината Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе му се суди одново. На Јакимовски, кој во јули самиот се пријави за одлежување на затворската казна од една година, Врховниот суд вчера му ги укина пресудите на Кривичниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно постапување и одлучување кај првостепениот суд.

    Како што е објавено на веб страницата на Врховниот суд, Советот за казниви дела на седницата одржана во средата донесла пресуда КВП КОК2-18/26, со која го уважи барањето на осудениот Стевчо Јакимовски од Скопје, за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, поднесено преку бранителот Виктор Цветковски.

    „Судот ги укина пресудата на Основен кривичен суд Скопје КОК-157/21 од 23.04.2025 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ-110/25 од 15.05.2026 година и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување“, информираат од Врховниот суд.

    Јакимовски беше осуден на една година затвор за предметот бесправно градење на општинската зграда во Карпош, пресуда која беше потврдена од Апелацискиот суд. Тој пет месеци помина во куќен притвор, а од казната му останаа уште седум месeци. Апелациониот суд, вториот дел од обвинението против Јакимовски за злоупотреба на службената положба го врати на повторно судење кај основниот кривичен суд.

    На одлуката на Врховниот суд денеска регираше и владеачката ВМРО ДПМНЕ.

    „На слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни“, пишуваат од ВМРО ДПМНЕ.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Меѓу сексизмот и сензационализмот: Каде исчезна достоинството во политичката реторика?

    Средба Стоилковиќ-Алиу: Oтворениот дијалог e основа за изнаоѓање практични решенија

    Василевска: СДСМ калкулира со гласањето на реформските закони

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.