Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Костадиновска-Стојчевска на состаноците на комитетите на ПССЕ во Париз: Усвоена декларација за неглорифицирање на Ратко Младиќ
    Македонија

    Костадиновска-Стојчевска на состаноците на комитетите на ПССЕ во Париз: Усвоена декларација за неглорифицирање на Ратко Младиќ

    09/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Како што соопштија од собраниската делегација, Костадиновска-Стојчевска на 7 септември присуствувала на состанокот на Комитетот за следење на обврските и ангажманите на земјите членки на Советот на Европа, на кој биле разгледани прашања поврзани со исполнувањето на обврските на државите членки, состојбите во Грција и тековните постмониторинг процеси.

    На денешниот состанок на Комитетот за правни прашања и човекови права, одржан во Канцеларијата на Советот на Европа во Париз, во фокусот биле прашања од областа на човековите права, владеењето на правото и меѓународното право.

    Меѓу главните точки на дневниот ред било прашањето за спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на Руската Федерација, вклучително и исплатата на досудениот надомест. Во таа насока биле разгледани предлог-извештај, како и предлози за резолуција и препорака.

    Комитетот расправал и за заканите кон Меѓународниот кривичен суд, при што биле разгледани соодветни предлог-извештаи, резолуции и препораки. Членовите на Комитетот усвоиле и декларација со која се повикува да не се глорифицира осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

    На седницата биле отворени и повеќе теми поврзани со заштитата на човековите права, меѓу кои состојбата во Северен Кавказ, пријавените случаи на политички затвореници во Европа, заштитата на бранителите на човекови права и независните новинари во Азербејџан, како и активностите на Советот на Европа во однос на мигрантите, барателите на азил и бегалците.

    Комитетот го разгледувал и прашањето за незаконското задржување на палестински деца од страна на Израел, како и подготовките за идната конвенција на Обединетите нации за спречување и казнување на злосторствата против човештвото. Во рамки на оваа точка било одржано сослушување со експерти и била разгледана предлог-резолуција за натамошното учество на ПССЕ во процесот.

    Дел од дискусиите биле посветени и на растечките закани за медиумскиот плурализам и независноста на медиумите, при што комитетот го одобрил своето мислење по ова прашање.

    На состанокот биле разгледани и мерки за зајакнување на заштитните механизми против злоупотреба на стоки со двојна намена од страна на авторитарни режими, како и активности поврзани со претстојниот самит на Советот на Европа и Светскиот форум за демократија 2026.

     

    Поврзани вести

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Пократките денови носат проблем што многумина го игнорираат: oвој витамин е клучен за здравјето

    22/10/2026

    Нина Талеска светски вицешампион: историски успех за македонскиот танц

    22/10/2026

    ИЈЗ: Во септември 8 мажи заболеле од ХИВ, само годинава евидентирани 49 нови случаи

    22/10/2026

    Веб-страниците на Владата и министерствата биле навремено заштитени, велат од Министерството за дигитална трансформација

    22/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Левица ќе побара да се укине платеното политичко рекламирање за време на избори

    Ректорката Николиќ предупредува дека се дискредитираат универзитетите во Србија

    Мицкоски до студентите пред денешниот протест: Не дозволувајте да бидете изманипулирани од една партија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.