Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Дакота Џонсон за снимањето жешки сцени со Ен Хатавеј: „Беше неверојатно пријатно“

    29/09/2026

    (Фото/Видео) Актерката едвај успеа да не покаже премногу

    29/09/2026

    Регионалната конференција за фемицид: Годишно над 50.000 жени и девојки се убиваат од партнери или членови на семејството

    28/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност
    Политика

    Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност

    07/09/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Покрај одбележувањето на овој толку важен јубилеен настан, Гаши нагласи дека имаме можност и заеднички да се осврнеме на сето она низ што помина Републиката во текот на овие години, но и да размислиме каква држава им оставаме на генерациите што доаѓаат по нас.

    – Кога доаѓа 8 Септември и ѝ се навраќаме на 1991 година, секогаш го имаме предвид фактот дека независноста дојде во исклучително тешко и деликатно време. Освен што беше време на распаѓање на Југославија, на политички и економски неизвесности, како и на големи промени во Европа, тоа беше и време кога пред оние што ја создаваа независна Македонија стоеше предизвикот дали оваа независност може да се оствари и, второ, дали сето тоа може да се постигне без војна. Затоа, без оглед на тоа на кој политички табор му припаѓале и дали се согласуваме со сите политички одлуки на таа генерација, не можеме да не го признаеме и вреднуваме фактот дека Македонија стана независна и суверена на мирен начин, нешто што не се случи со другите републики кои се одвоија од поранешна Југославија – изјави Гаши.

    Поради тоа, нагласи Гаши, 8 Септември и референдумот од 1991 година се мирен роденден на една држава сонувана од многу генерации и круна на една повеќедецениска заложба.

    – Додека славиме, не треба да заборавиме дека патот во изминатите 35 години не бил лесен. Имаше периоди на успех, но и периоди на кризи. Имаше моменти на стабилност, но и моменти на политички и економски потреси. Доживеавме уставни и институционални промени. Поминавме низ тежок економски транзициски процес и трансформација на општеството, додека многу наши граѓани ја напуштија земјата во потрага по подобар живот – изјави Гаши.

    Сепак, посочи Гаши, ние, кои останавме овде, верувавме дека вреди да се обидуваме за ефикасни и доверливи институции. Затоа, и оваа 35-годишнина, како што нагласи, треба да ја гледаме низ она што сме го изградиле, а не низ она што не ни успеало.

    – Ова е оптимистичката визија за земјата и за сите наши граѓани. Во таа насока, секој кој ја сака оваа држава знае дека во темелот на државата лежи рамнотежата на еднаквоста и дека колку повеќе се зачувува оваа рамнотежа, толку е поуспешна и самата држава. Северна Македонија е дом на граѓани со различна етничка, јазична, верска и културна припадност. И тоа не е пречка на патот на градењето на државата. Тоа е реалноста на нашата држава, а наша одговорност е оваа реалност да ја претвориме во извор на успех – порача Гаши.

    Следствено, по аналогија со легендарната реченица на претседателот Кенеди, предизвикот на нашата генерација, според Гаши е „сите да се запрашаме каква држава посакуваме да имаме во следните 35 години?“

    – А државата на иднината треба да биде држава на функционални институции, каде што администрацијата не го гледа граѓанинот како товар, туку како причина за своето постоење, каде што законот се применува еднакво без оглед на припадноста на странката, каде што корупцијата се гледа како порок и каде што сите ја гледаат заедничката европска перспектива. Всушност, ние можеме да имаме различни јазици, различни култури, различни традиции, различни политички убедувања, но имаме само една заедничка држава. Ова треба да биде основата на нашиот однос – порача Гаши.

    И тука, според Гаши, Собранието има посебна одговорност, затоа што Собранието е местото  каде што општеството се отсликува и се претставува преку своите институции.

    – Ние знаеме дека во секое плуралистичко собрание парламентарната дебата е неопходна, несогласувањето е нормално и секако и критиката е потребна, но над секоја политичка разлика треба да постои една поголема одговорност – одговорноста кон државата и кон граѓаните. Можеби нема да се согласуваме за начинот на кој треба да постигнеме одредена цел, но мора да бидеме способни да се согласиме за тоа кои се основните државни цели – изјави Гаши.

    Гаши, исто така, порача дека треба да создадеме услови младите да не го гледаат заминувањето од земјата како единствена можност за подобар живот, потоа да се промени и нашиот однос кон дијаспората, како и заштитата и афирмација на традиционалното семејство.

    – Не можеме да изградиме силна држава ако секоја година губиме дел од младата генерација. Но, демографската политика не треба да се гледа само преку наталитетот. Таа треба да биде поврзана со квалитетот на животот, со вработувањето, со квалитетното образование и здравство, со правдата, но и со животната средина и можностите за домување. Младите треба да веруваат дека и овде можат да изградат добар живот. Ако сакаме младите да останат овде, постојано треба да создаваме причини и можности за нив. Ова е патриотизмот што се очекува од нас – порача Гаши.

    Според Гаши, треба да имаме храброст отворено да зборуваме за тоа како може да се унапреди и развива Републиката, каде сме успеале и каде можело да се направи подобро.

    – Без оглед како ќе го именуваме тој процес, задачата на нашата генерација останува да ја одржува жива дебатата за тоа како можеме да ја направиме оваа држава пофункционална, како можеме да ја зајакнеме симетријата на државата во однос на општествената различност, како можеме да ја направиме нашата држава така што секој граѓанин ќе ја чувствува на ист начин и еднакво ќе се ангажира за нејзиниот успех – изјави Гаши.

    Гаши, изрази уверување дека ова треба да биде суштината на 35-годишнината и во тој дух, „повика да ја градиме иднината со повеќе одговорност, со повеќе доверба и со повеќе работа“. Среќен 8 Септември и честита 35-та годишнина на Републиката – порача Гаши.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Дакота Џонсон за снимањето жешки сцени со Ен Хатавеј: „Беше неверојатно пријатно“

    29/09/2026

    (Фото/Видео) Актерката едвај успеа да не покаже премногу

    29/09/2026

    Регионалната конференција за фемицид: Годишно над 50.000 жени и девојки се убиваат од партнери или членови на семејството

    28/09/2026

    Пациент од Скопје е десеттата жртва на западнонилската треска

    28/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Истрага за полов напад врз малолетно девојче во Штип

    Уапсен поранешен министер за одбрана на Црна Гора, како дел од истрага против криминална група

    Архангел ја претстави „Срцевина“ – ново поглавје, нова музика и премиера на спотот за „Дни оловни“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.