Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка
    Македонија

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонија ќе биде дел од проектот за генетско пребројување на кафеавата мечка што ќе ја опфати целата динарско-пиндска популација на ова животно, во земјите кои се протегаат од Алпите до Егејското Море. Се работи за најголемата популација на кафеава мечка во Европа со околу 4000 единки.

    Во Македонија истражувањето ќе се спроведе во западните делови на државата, од Скопска Црна Гора и Шар Планина на север до Пелистер, Ниџе и Кожуф на југ, а целта е до крајот на 2026 година да се соберат 900 генетски примероци. Досегашните искуства во Словенија и Хрватска покажуваат дека успешноста на
    генетскиот мониторинг директно зависи од бројот на собрани примероци, поради што исклучително важна улога во процесот имаат шумарите, ренџерите во заштитените подрачја, ловочуварите, ловџиите, собирачите на лековити растенија, шумски плодови и печурки, но и планинарите, велосипедистите и локалните ентузијасти и љубители на природата.
    „Генетскиот мониторинг претставува неинвазивно собирање генетски примероци од материјал што животните го оставаат во околината. Во случајот со мечката, ќе собираме примероци од измет од кои потоа ќе го читаме генотипот на секоја единка како своевиден генетски ‘отпечаток од прст‘. Така, секогаш кога подоцна ќе најдеме измет од истото животно, ќе знаеме дека му припаѓа нему, па може да го препознаеме дури и откако ќе угине“, објаснува Александар Стојанов, координатор на проектот во Македонското еколошко
    друштво (МЕД) кое во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање ја раководи активноста.
    Освен за бројноста на кафеавата мечка, која е строго заштитен вид во земјава, генетското пребројување ќе даде податоци и за нејзината распространетост и генетска разновидност, со што ќе се овозможи подобро разбирање на нејзината екологија. Токму затоа, тоа претставува неопходен прв чекор кон градењето сеопфатна стратегија за зачувување на кафеавата мечка низ Динарско-пиндскиот Регион, што е главната цел на проектот кофинансиран преку Програмата Лајф на Европската Унија во кој учествува 21 партнер од 9 европски земји.
    „Како надлежен државен орган за заштита и зачувување на биолошката разновидност, Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветено во мисијата да ја заштити и соодветно да управува со популацијата на кафеавата мечка. Долгорочната заштита на видот и неговите живеалишта бара и координација со релевантните институции и засегнати страни, поради што на самиот почеток на
    септември одржавме состанок со претставници на релевантните национални институции, каде што ги претставивме методологијата, планираните активности и временската рамка, како и начинот на спроведување на генетскиот мониторинг во следниот период. Токму тој ќе ни даде основа за натамошното планирање и спроведување конзерваторски мерки при управувањето со популацијата на овој
    животински вид“, велат од Министерството.
    Проектот ќе се фокусира и на креирање на неопходните правни, управувачки механизми и социо-економски услови за да се осигура зачувувањето на кафеавата мечка долж Динаро-пиндскиот планински масив и да се надминат конфликтите меѓу човекот и мечката и загрозените живеалишта, што е клучната закана за одржливоста на оваа популација во земјава.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Премиерот Мицкоски со новогодишна честитка: Во 2026 година ќе почувствувате мерливи резултати

    (Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда

    ИЈЗ: Овчите сипаници најчести заразни заболувања во март, евидентирани се и нови ХИВ случаи

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.