Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност
    Македонија

    ДЕСФА: Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

    05/09/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Проширувањето ја одразува континуираната соработка меѓу компаниите што учествуваат во иницијативата, со поддршка на министрите за енергетика на инволвираните земји, зајакнувањето на безбедноста на снабдувањето, диверзификација на изворите и на рутите за снабдување и зајакнување на регионалната поврзаност. Преку новиот Меморандум, компаниите учеснички дополнително ќе ги координираат развојот и работата на нивните поврзани системи за пренос, фокусирајќи се на оптимизирање на употребата на постојната инфраструктура, идентификување на дополнителните инфраструктурни потреби, зајакнување на можностите за двонасочен проток на природен гас и проширување на прекуграничниот капацитет“, соопштија од ДЕСФА, јави дописничката на МИА од Атина.

    Додадоа дека со приклучувањето на двете нови членки, Вертикалниот коридор сега ги обединува операторите од Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Украина, Молдавија, Македонија и Србија, а соработката ќе продолжи и на регулаторно, техничко и комерцијално ниво, со цел „Вертикалниот коридор да стане пофлексибилен, поконкурентен и попривлечен за пазарот“.

    „Новиот Меморандум за соработка ја зајакнува посветеноста на компаниите учеснички за дополнителен развој на Вертикалниот коридор како стратешка компонента на енергетската безбедност и регионалната енергетска поврзаност“, посочија од ДЕСФА.

    Извршна директорка на ДЕСФА Марија Сферуца по потпишувањето посочи дека со вклучувањето на нашата земја и Србија, Вертикалниот коридор „значително го проширува географскиот опфат на иницијативата и ги зајакнува врските меѓу Југоисточна Европа и Западен Балкан“, но и дека операторите од земјите учеснички, преку соработката, „можат подобро да ја искористат постојната инфраструктура, да поддржат нови интерконекции и да создадат поголема флексибилност за регионот“.

    Грчките медиуми пишуваат дека со проширувањето на Вертикалниот коридор се отвора „нова рута за пренос на природен гас од Грција кон Западен Балкан“, но и ја анализираат важноста на конкретната иницијатива, како за самата земја, така и за поширокиот регион.

    „Вертикален коридор: Нова енергетска порта со проширување кон Западен Балкан“; „На Западен Балкан Вертикалниот коридор“; „Вертикален коридор: Нов енергетски мост од Грција кон Балканот – потпишани договорите со Македонија и Србија“; „Проширување на Вертикалниот коридор: Во Солун потпишан новиот Меморандум за соработка – се приклучуваат Македонија и Србија“; „Вертикален коридор: Проширување на Западен Балкан со Македонија и Србија – нов енергетски мост преку Грција“; „Претставници на националните оператори од Балканот потпишаа меморандум за проширување на Вертикалниот коридор за природен гас на 10-тиот Енергетски форум на Југоисточна Европа“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

    Државната телевизија ЕРТ коментира дека целта е „да се зајакнат алтернативните рути за снабдување и дополнително да се унапреди енергетската улога на Грција во регионот“.

    Информативниот портал „Пауер гејм“ коментира дека од проект што првично беше замислен како алтернативна рута за природен гас од Грција кон Бугарија, Романија, Молдавија и Украина, сега „Вертикалниот коридор со забрзано темпо се развива во поширока инфраструктурна мрежа што се проширува кон Западен Балкан и потенцијално ќе стигне подлабоко во Централна Европа, до Унгарија и Словачка“.

    Додава дека значењето на овој чекор е „поголемо од самото географско проширување на проектот“, бидејќи за Грција значи дека инфраструктурата за увоз на природен гас, добиваат пристап до поголем потенцијален пазар.

    Онлајн изданието на весникот „Та неа“ пишува дека со проширувањето„се создава нова енергетска географија во Југоисточна Европа, а Грција добива клучна и зајакната улога како енергетска порта“

    „Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан се проценува дека значително ги зајакнува регионалните енергетски интерконекции и соработката во областа на безбедноста на снабдувањето на земјите од регионот, но и на Европа и поради намалувањето на зависноста од рускиот природен гас. Вертикалниот коридор веќе добива поголем географски обем и го проширува пазарот на кој може да се насочат количините на течен природен гас (ЛНГ) што влегуваат преку грчката инфраструктура“, пишува весникот.

    Додава дека проширувањето со двете балкански земји „додава втора насока и истовремено му дава поголема флексибилност на системот, а дополнително ја зајакнува улогата на Грција како јужна енергетска порта на Европа“.

    Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека почнува клучен тримесечен период на технички, комерцијални и регулаторни преговори за Вертикалниот коридор, со цел „да се трансформира од збир на меѓусебно поврзани национални мрежи во навистина единствена и конкурентна рута за транспорт на природен гас од Грција кон Балканот и Централна Европа“.

    Вчера, на маргините на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF) во Солун, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама го потпиша Меморандумот за разбирање за приклучување кон иницијативата „Вертикален коридор“, со што Македонија и официјално стана дел од иницијативата.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Студентската листа бара оставки во полицијата, БИА, ВБА, обвинителствата и повторно отворање на истрагите

    „Виртуози на хорна“ – завршен концерт на јубилејното издание на Скопскиот брас-фестивал

    Љутков: Културата и туризмот не се трошок, туку стратешка инвестиција во идентитетот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.