Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030
    Политика

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Целта е да се воспостави единствен систем за избор, именување, услови и одговорност на високите раководни службеници во државната управа и фондовите, што ќе го подобри нивното раководење и управување.

    Пратениците од СДСМ гласаа против за сите закони, кои на седницата беа изгласани без дискусија. Координаторот Оливер Спасовски образложи дека нивната пратеничка група не дава поддршка затоа што, рече, со предложените 44 закони се врши усогласување за конкретни лица кои раководат со институции и кои немаат специфично образование во областа. Како што рече, ова не е никаква реформа туку крајно несериозен пристап на Владата и министерот за јавна администрација

    „Дигнитетот на Собранието се чува и со ставање потпис на тоа што го предлагате во Собранието и кога ќе ставите потпис на нешто треба да стоите зад таа работа. Заради овој несериозен однос на Владата односно министерот за јавна администрација кој бега од Собранието на усогласување на законите и затоа што немаме никаква реформа, СДСМ и коалицијата гласаат против за сите законски текстови“, рече Спасовски.

    Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, која беше изгласана во Собранието, е стратешки документ – рамка за интегрирани мерки и активности насочени кон намалување на бројот на жртви и повредени во сообраќајни незгоди и кон создавање безбедна, ефикасна и одржлива патна инфраструктура.

    Со овој документ се поставуваат темелите за долгорочна политика на безбедност во сообраќајот, тој е националната рамка преку која државата воспоставува системска, научно заснована и долгорочна политика за намалување на ризиците во сообраќајот.

    „Преку континуирано следење на воспоставени индикатори, модернизација на инфраструктурата и обновување на возниот парк, како и преку координирани активности на институциите, се создава основа за намалување на бројот на жртви и сериозни повреди за најмалку 50 проценти до 2030 година, во согласност со европските цели“, се наведува во образложението на законскиот текст.

    Стратегијата е изготвена врз основа на анализа на тековната состојба и ја следи рамката на Европската Унија за безбедност на патиштата 2021–2030 и принципите на Safe System, кои ја поставуваат човековата безбедност во центарот на системот на мобилност.

    Се заснова на создавање систем кој обезбедува максимална заштита на човечкиот живот и промовира активен, безбеден и одржлив транспорт, при што приоритет се дава на пешаците, велосипедистите и сите ранливи категории на учесници во сообраќајот.

    Документот предвидува интегриран пристап кон планирањето на транспортот, урбанизмот и животната средина, поттикнувајќи рационално користење на просторните ресурси, намалување на зависноста од моторните возила и унапредување на јавниот и алтернативните видови превоз.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    УКИМ втора година по ред не се најде на листата на најдобрите 2.000 универзитети во светот

    Изложба на Аница Китаноска „Скаменети потези: еволуција на формата“ во Битола

    Поради високите температури избегнувајте престој на отворено од 11 до 17 часот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.