Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Настојуваме да ги вратиме националните позиции во ЕУ, зашто затекнавме 100:0 изгубена позиција, вели Мицкоски
    Македонија

    Настојуваме да ги вратиме националните позиции во ЕУ, зашто затекнавме 100:0 изгубена позиција, вели Мицкоски

    19/08/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Никој тоа не го спори, ниту пак некогаш досега некој тоа го спорел. Кога бев во Тиват, темите што јас ги разговарав со францускиот претседател Макрон и канцеларот на Германија, Мерц, главна тема беше придвижувањето на овој процес и одблокирањето на кочницата што ја имаме пред нас. Така што не е нешто нелогично Владата да разговара. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори. Тоа е нашата задача и пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада, да разговараме и тука нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме. Ако некој тие разговори ги смета дека еве сега ние треба да седнеме на маса, па тука официјално да почнеме преговори или разговори, тоа така не функционира, иако и ние би сакале и такви разговори да имаме доколку се создаде можност. Така што ние сме разговарале, разговараме и ќе продолжиме да разговараме. Друго е прашањето дали во тие разговори ќе успееме да постигнеме решение, имајќи предвид која е нашата позиција“, рече Мицкоски во Тема на денот на Сител ТВ.

    Нашата позиција, како што додаде, беше комплетно предавнички губитничка врз основа на тоа што го потпишала претходната Влада.

    „Е сега од таму почнуваме и се обидуваме педа по педа да повратиме нешто што може да се поврати. Така што ќе продолжиме да разговараме“ – рече Мицкоски во Тема на денот на Сител ТВ.

    Во однос на тоа дали има посредник или олеснувач на ваквите разговори, Мицкоски посочи дека разговараат претежно со државници – претседатели на држави и на влади, како и со високи претставници на ЕУ. Додаде и дека има воспоставено директен контакт меѓу кабинетите на Мерц и Макрон со неговиот кабинет.

    „И не е тајна дека и кога беше претседателот Кошта, и кога беше комесарката за проширување и добрососедски политики дека тоа го разговараме и дека централна тема на нашите билатерални средби е токму тоа. Така што нема тука тајни, под или над радарот. Тоа е суштината на оваа влада, покрај тоа да се грижи да ги реши домашните проблеми и домашните предизвици, да успее да ги реши и меѓународните, односно надворешните предизвици што се многу поголеми, имајќи ја предвид позицијата каде што почнавме, бидејќи 100:0 беше изгубена позицијата којашто ни ја остави претходната Влада“, посочи Мицкоски.

    Во однос на тоа дали може да зборуваме „за ист воз“ за проширувањето со нашите соседи Црна Гора и Албанија, Мицкоски рече дека ние на предизвиците треба да одговориме со засилување на испораката на реформите од Реформската агенда.

    „Тука ќе дадам коментар. Се сеќавам на таа 2018 година кога насила се туркаше промената на уставното име и многумина од европските дипломати – тогаш ние бевме политичка партија во опозиција – нè убедуваа дека прозорецот е отворен, дека сега е моментот, дека ние сме фронтранери во регионот и дека ако го прифатиме и свариме овој залог, дека веднаш стануваме земја членка на НАТО и бидејќи сме ние тие што сме фронтранери, на брза лента ќе бидеме ставени, во рамките на четири-пет години ќе ги завршиме преговорите и ќе станеме земја членка на ЕУ. Тие четири-пет години поминаа пред две-три години. Ние се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 21 година, односно со статус кандидат“, рече Мицкоски.

    Во контекст на тоа рече дека треба да се биде внимателен и оти неговата позиција не дозволува импровизации и брзоплети одлуки.

    „Треба неколку пати да се размисли пред да се направи каков било чекор, да се анализира, за да се повлече потег. Ние на овие предизвици треба да одговориме со засилена испорака на реформи. Тоа го постигнавме со декемврискиот извештај од претходната година, да бидеме најголеми корисници на средства што доаѓаат од Реформската агенда. Тоа ќе го постигнеме сега со јунскиот извештај, повторно ќе бидеме најдобри и ако биде како што се најавите, ние ќе бидеме корисници на нов додаток, односно ќе имаме проширување на таа рамка. Ако досега имаме вкупен буџет – кредит, грант и буџетска поддршка од 750 милиони евра – тој додаток, значи зголемување на таа рамка, бидејќи три држави не испорачуваат доволно, не напредуваат во овој процес, а тоа се Србија, Косово и БиХ. Логично е тие средства коишто таму ќе останат неискористени да бидат доделени на овие земји“, рече премиерот.

    Затоа, нагласи Мицкоски, ние треба тука да се наметнеме како држава којашто сериозно претендира да испорача реформи и тука треба ние да одговориме жестоко и агресивно со испораката на тие реформи, што впрочем и го правиме.

     

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    И тоа се случува: Татко му не го пушта да оди на Светско!?

    Денеска стартува новиот одбојкарски шампионат во машка конкуренција

    Мицкоски: Не можам да ги разберам домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.