Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Никој не ги објавува резултатите од анализите на водата во Гостивар
    Македонија

    Никој не ги објавува резултатите од анализите на водата во Гостивар

    18/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Иако неколкумина локални и државни функционери на 14 август пиеја вода од јавна чешма во Гостивар за да докажат дека е безбедна за пиење, сепак, четири дена подоцна ниту една институција не сака да ги обелодени резултатите од последните направени анализи на водата. Мета се обиде да дојде до резултатите со оглед на тоа дека се земени мостри и истите се анализирани, но ниедна надлежна институција не открива информации кои се однесуваат на резултатите.

    На прес-конференција одржана завчера, само беше соопштено дека добиените резултати се задоволителни.

    „Ние земавме мостри од три места во исто време во Гостивар и истите ги предадовме на анализа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Таму се прават анализите, а не во Институтот. Одговори побарајте таму“, ни рече Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Мета за одговори се обрати во АХВ. Оттаму ни рекоа дека не се во можност да ни ги достават резултатите или барем да ни достават информации за наодите. И тие топката ја префрлаат на друга институција. Велат земале примероци од 7 мерни места во присуство на стручни лица од Институтот за јавно здравје и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Примероците биле испитани во две различни лаборатории во Скопје, една на Институтот, и една на Водовод. Двете институции, за добиените резултати, ги известиле Агенцијата за храна и ветеринарство и Кризниот штаб. Но, не соопштуваат пред јавноста какви се тие.

    Примероци од водата во Гостивар земени од ИЈЗ | Фото: Мета.мк, 11.08.2026 г.

    „Напоменуваме дека резултатите од лабораториските испитувања може да ги објави единствено странката која е барател на анализите, а странката во случајот е Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар. Оттука, Агенцијата за храна и ветеринарство не е во можност да ги објави или достави резултатите од анализите за кои не се јавува како барател“, пишува во писмениот одговор од АХВ на нашето барање.

    Со оглед на тоа дека во АХВ ни беше посочено дека странката е „Комуналец“ од Гостивар, се обративме и таму, но на телефонскиот број беа недостапни, а не одговорија ниту на прашањата испратени на мејл.

    Мета беше во Гостивар на 11 август, повеќе од три недели откако беше прогласена епидемија во градот. Гостиварци ни рекоа дека не веруваат на информациите што ги споделуваат институциите, па затоа купуваат флаширана вода за пиење.

    Два дена по репортажата на Мета, на 14 август, во Гостивар вода од градска чешма пиеја неколкумина локални и државни функционери. Меѓу нив и Зуди Џелили, координаторот на локалниот кризен штаб и вработен во Општина Гостивар, директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Шаќир Зулбеари, директор на Центарот за јавно здравје Гостивар. Според нив, испитувањата покажале дека водата во Гостивар е безбедна за пиење, односно добиените резултати потврдиле дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна.

    Откако е прогласена епидемијата во Гостивар на 19 јули, досега, здравствените власти евидентирале 1.149 заболени лица од ентероколит, односно стомачен вирус. Иако здравствените експерти предупредуваа дека бројките на заразени се 4-5 илјади (голем број од нив не се јавиле на лекар), од ИЈЗ за Мета објаснуваат дека бројката од 1.149 се базира само на пријавите кои ги прават лекарите што дијагностицираат и ги доставуваат до нив.

    Според директорот на АХВ, водата во Гостивар е микробиолошки исправна уште од крајот на минатата недела но нивото на хлор било на дозволеното, односно 0,5 милиграми на литар.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска-Давкова: Приемот на Западен Балкан во ЕУ ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток во Европа

    Масовен напад на Русија врз Украина, Полска затвори аеродроми и подигна борбени авиони

    Продолжува собраниската комисиска расправа за предлог-буџетот за 2026 година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.