Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Почнува одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
    Македонија

    Почнува одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

    12/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на Камениот мост – Скопје.

    На панел-дискусијата на темата „Охридскиот рамковен договор и патот кон европската интеграција“ ќе говорат Кларис Пасзтори, дипломатка на ОБСЕ со долгогодишно искуство на Западен Балкан, Биљал Касами, градоначалник на Општина Тетово, Костадин Костадинов, поранешен градоначалник на Општина Струмица, Викторија Трајков, заменик-министерка за европски прашања и Азиз Положани, поранешен дипломат и универзитетски професор.

    Панелот составен од учесници со различни искуства и перспективи од областа на политиката, дипломатијата, институциите и академската заедница, ќе создаде простор за отворен, конструктивен и пријателски дијалог за значењето на Охридскиот рамковен договор. Во фокусот на дискусијата ќе бидат спроведувањето и наследството на Договорот, соживотот и инклузијата на заедниците, меѓуетничкиот дијалог, современите предизвици и европската перспектива на земјава.

    „Инклузивниот состав на панелот, со учесници кои носат различни перспективи, има за цел да поттикне отворена и суштинска дебата за постигнувањата во изминатите 25 години, но и за чекорите што треба да следат во иднина. Дијалог за минатото, дискусија за сегашноста и визија за иднината“, посочуваат од Министерството за односи меѓу заедниците.

    На втората панел-дискусија на тема „Иднината на Охридскиот договор и градењето одржлив мир“, панелисти ќе бидат Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Агoн Ферати, министер за односи меѓу заедниците, Илир Кула, експерт за регионални прашања и дипломатија, Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир и Аделина Марку, дипломат и колумнист.

    Фокусот на вториот панел е на значењето на Договорот за стабилноста, меѓуетничкиот соживот и демократскиот развој на земјата. Дискусијата, како што посочуваат, ќе понуди различни политички, институционални и дипломатски перспективи.

    -На вториот панел ќе бидат разгледани политичките и регионалните аспекти на Договорот, со посебен акцент на неговата имплементација и предизвиците на иднината. Ќе биде истакната и улогата на институциите во зајакнувањето на односите меѓу заедниците. Посебно внимание ќе биде посветено на значењето на стабилноста и меѓуетничките односи во европската перспектива на земјата,наведува организаторот.

    Третиот панел е на тема: Децентрализацијата и локалниот развој како столб на демократијата и социјалната кохезија, на кој панелисти ќе бидат: Александар Кржаловски, експерт за граѓанското општество, Проф. д-р Демуш Бајрами, истражувач на општествени студии и универзитетски професор, Енвер Хусеин, поранешен заменик-министер за труд и социјална политика, Неџдет Мустафа, заменик-министер за односи меѓу заедниците и Александар Чомовски, новинар и колумнист.

    -Дискусијата ќе се фокусира на значењето на децентрализацијата и локалниот развој за зајакнување на демократијата и подобрување на животот на граѓаните. Ќе се разгледа потребата од пофункционални локални институции, поголема вклученост на граѓаните во процесите на донесување одлуки и создавање еднакви можности за развој во сите заедници. Значаен дел од дискусијата ќе биде посветен на односите меѓу заедниците, дијалогот и соработката како важни фактори за социјалната кохезија. Ќе биде истакнато дека одржливиот локален развој и правичната застапеност на етничките заедници можат да придонесат кон градење подемократско, инклузивно и одржливо општество, наведуваат од Министерството за односи меѓу заедниците.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Шкупи посакува изненадување во Гостивар против Арсими

    Сакура во Aеродром: „Авионче“ ќе стане јапонска оаза со култура, игри и боречки вештини

    Што се случува кога се обидувате да ослабете по 45-тата година: Неколку грешки можат да ве чинат здравје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.