Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Со угинати овци и лажен тутун извлекувале милиони од државата, открива министерот Серафимовски
    Политика

    Со угинати овци и лажен тутун извлекувале милиони од државата, открива министерот Серафимовски

    05/08/20265 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Во една неофицијална акција што сега ја направивме, се покажа дека на хартија имаме скоро 400.000 овци, а реално се околу 250 до 280 илјади. Се работи за разлика од 100 до 130-140 илјади грла. Тоа се сериозни пари ако се земе предвид што како финансиска поддршка добиваат сопствениците по овца – од приплод, млеко,… Сега со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) размислуваме секое грло да има чип што ќе може да се чита со обичен читач. Дури и со ГПС локатори ќе можеме да ги следиме грлата, ако дојдеме до тој момент“, вели министерот Серафимовски.

    Серафимовски оценува дека ваквата ситуација може да се надмине само со засилени контроли, но апелира и до земјоделците – да бидат максимално одговорни и да го пријавуваат реалното производство.

    „Апликациите што ги поднесуваат земјоделците во Агенцијата за финансиска поддршка преку нашите подрачни единици содржат податоци од аспект на површини што се запишани како земјоделско стопанство или индивидуален земјоделец и производство што го пријавуваат. Ние во програмите и уредбите имаме максимални или минимални површини, односно приноси на одредена култура. И сега што ни се случува? Кога вршиме контрола, еве конкретно кај тутунот, имаше ситуација во која дел од тутунарите пред неколку месеци не земаа средства, зашто се изврши дополнителна контрола и се утврди дека на површина од два декара пријавуваат 10 тони тутун. Еден декар тутун може да произведе 400 до 600 килограми тутун, зборуваме во некои максимални приноси. Значи, на два декари се тон и 200. Не може да пријавите 10 тони тутун. Зошто тоа се прави? Едни злоупотребуваат, други земаат површини од трети лица и тие истите површини  ги обработуваат, а првичното лице кое е корисник на површината, дали е приватна или концесија, ги зема субвенциите. И сега тука ние се обидуваме преку Инспекторатот и контролите на Агенцијата за финансиска поддршка да ги откриеме и да направиме еден рез, да ги прекинеме тие неправилности. На тој начин вршат злоупотреба директно на субвенциите. И субвенциите не одат директно кај земјоделецот кој произведува, туку одат кај некој што земал, хипотетички, 100 хектари површина, не ја работи, а ќе ја даде на трето лице да ја обработува. И сега овој има интерес бидејќи сака да работи, а не успеал да земе од различни причини – не исполнувал услови, немал банкарски гаранции (зашто мора да се гарантира за тие површини),… Овде имаме класична злоупотреба на субвенциите“, потенцира министерот.

    Случаи на злоупотреба, додава, има и кај откупот на млекото.

    „И таму исто се случува. Се знае колку може една крава да даде млеко на дневна основа, а ние имаме пријавено многу поголеми количини кои се, практично, нереални. Веднаш го согледуваме тоа дека се работи за нереални бројки. Инаку, сметам дека најважната работа тука, генерално, се контролите. Затоа правиме доекипирање во Инспекторатот за земјоделство и Агенцијата за финансиска поддршка, бидејќи тие излегуваат на терен и вршат надзор на она што е пријавено. Само со контроли и директно со санкции можеме да ставиме ред. Тогаш сите ќе бидат свесни. Пред десетина, 15 години, можеби и повеќе, ако некој земјоделец пријавеше несоодветни површини или извршеше злоупотреба на субвенциите, му се забрануваше наредните три години. На тој начин ќе ја елиминираме класичната злоупотреба, зашто секој сака да добие, никој не сака да изгуби. Ова е мое размислување, но сега најпрво сакаме да ги засилиме контролите. Правиот механизам за да дојдеме до објективни бројки и реално да ги фатиме оние што вршат злоупотреба – се засилени контроли на терен, анализа на сите пријави или апликации од страна на земјоделците за директни плаќања“, подвлече Серафимовски.

    Потсети и дека со новите сателитски снимки може директно да се дојде до 50 сантиметри висина и да се следи развојот на земјоделските култури.

    „Со поединечни снимки во мај, јули и октомври, следиме дали вегетацијата се зголемува и дали реално таму има некаков насад. Ние, реално, не можеме да ги поминеме сите земјоделски површини. Се работи за огромна бројка. Одиме таму каде што имаме пријави за инспекторите да извршат увид. Сега, со примената на информатичките технологии и интероперабилноста на ниво на државата, многу е полесно. Ги преземаме податоците од секаде. Ќе повторам, клучно е да се воспостави максимална контрола. Ако успееме да ја воспоставиме контролата во наредниот период, сметам дека ќе можеме субвенциите да ги насочиме кон вистинските земјоделци, зашто во овој случај имаме класична злоупотреба“, истакнува Серафимовски.

    Според министерот, погрешна е и примената на субвенциите кои, како што нагласува, не треба да бидат социјална компонента, туку треба да стимулираат раст на производството/продукцијата во почетна фаза.

    „И примената на субвенциите е погрешна. Субвенцијата ја доведовме, да не речам, да биде како социјална категорија. И сега, сите чекаат субвенции. Да, јас знам дека луѓето зависат од тие средства, ама најголемите гласноговорници се оние со еден декар патлиџани, оранжерија од два декара, четири овци и три крави. Субвенциите треба да стимулираат одреден раст во почетна фаза. На пример, јас сакам да инвестирам во земјоделство како повратник од странство или млад земјоделец – му даваме грант и тој треба да добива субвенции додека се изгради како земјоделец и има сигурен пласман. Ако насадиме повеќегодишни насади, потребни се 4 – 5 години за правиот род. Значи, ние треба да го стимулираме земјоделецот во тој период, за да издржи и потоа да има сопствено производство, да продолжи со развојни мерки, инвестициски – национална програма, рурална програма, ИПАРД програми, да го модернизира земјоделството, да оди кон фаза во која ќе има сигурно производство, квалитет, агротехнички мерки како што треба“, објаснува Серафимовски.

    МИА

    The post Со угинати овци и лажен тутун извлекувале милиони од државата, открива министерот Серафимовски appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Посна „песок“ торта готова за помалку од 30 минути: Ќе бидете воодушевени

    Групна изложба на осум хрватски уметници „Инфраред – уметност на иднината“ во Скопје

    (Фото) Најубавата спортска новинарка го поминува викендот во природа: повторно воодушеви

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.