Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Декларацијата на АСНОМ од 2 август 1944, демократска визија создадена четири години пред Универзалната декларација на ОН
    Македонија

    Декларацијата на АСНОМ од 2 август 1944, демократска визија создадена четири години пред Универзалната декларација на ОН

    02/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во време кога поголемиот дел од Европа сè уште беше зафатен од Втората светска војна, македонските синови и ќерки усвоија Декларација која ги опфати основните граѓански, политички, економски, социјални и културни права.

    Втемелена врз француската правна традиција

    Декларацијата на АСНОМ е инспирирана од Француската декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година. Таа ја презема идејата дека сите граѓани се еднакви пред законот и дека државата има обврска да ги гарантира нивните основни слободи.

    Документот содржи 11 точки, во кои се утврдени принципите на еднаквост, правната сигурност, правото на сопственост, слободата на совеста и вероисповедта, слободата на говор, печат, собирање и здружување. Со тоа, Декларацијата ги поврзува државотворните определби на АСНОМ со европската традиција на човековите права.

    Права на граѓаните

    На граѓанинот, покрај еднаквоста и рамноправноста пред законите, му се гарантираат сигурноста на личноста и имотот, правото на сопственост, слободата на вероисповед и совест, слободата на говор, печат, собирање, договор и слободата на здружување. Избирачкото право е утврдено како општо, еднакво, непосредно и лично право и се остварува со тајно гласање.

    Сите граѓани и граѓанки со наполнети 18 години имаат право да избираат и да бидат избрани во сите изборни тела на народната власт, со исклучок на лицата кои се осудени за кривично дело, лицата кои немаат деловна способност, или лицата кои се обвинети за дејствување против интересите на Народноослободителната борба. На секој граѓанин му е загарантирано правото на жалба против решенијата на органите на власт, како и правото на молба и поплака кај сите државни власти.

    Во областа на социјалните и културните права, народната власт се обврзува да ја отстрани неписменоста и да ја подигне народната култура, како и да обезбеди бесплатно образование. На националните малцинства им се гарантираат сите права на слободен национален живот, што претставува уште една потврда за определбата на новата македонска држава за рамноправност на сите народи и народности кои живеат во неа.

    Од особено значење е и декларирањето рамноправност помеѓу мажот и жената, што за тие историски услови претставува револуционерна придобивка, со цел надминување на дотогашната подреденост на жената.

    Донесена четири години пред Универзалната декларација на ОН

    Посебна тежина на документот му дава фактот што е усвоен четири години пред Генералното собрание на Обединетите Нации да ја донесе Универзалната декларација за човековите права во 1948 година.

    Повеќе принципи што подоцна ќе станат дел од универзалниот систем за заштита на човековите права веќе се содржани во Декларацијата на АСНОМ.

    Меѓу нив се еднаквоста без дискриминација, слободата на мислата и вероисповедта, слободата на изразување, правото на здружување, избирачкото право, правото на жалба, правото на сопственост и правото на бесплатно образование.

    Демократски стандарди во услови на војна

    Особеноста на Декларацијата не е само во нејзината содржина, туку и во околностите во кои е создадена. Документот е потпишан на Илинден, 2 август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, од претседателот на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, и секретарот Љупчо Арсов.

    Во време на активна војна и окупација, делегатите не се ограничиле само на одлуки поврзани со ослободителната борба, туку усвоиле акт што ги дефинира односите меѓу државата и граѓанинот. Во тој контекст, Декларацијата претставува политичка програма за идното уредување на државата, а не само документ на воениот период.

    MИА

    Поврзани вести

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026

    ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие

    07/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Таа го носи најтренди костимот за оваа есенска сезона: сите се свртеа додека поминуваше

    08/10/2026

    Македонија ќе биде домаќин на научници што го проучуваат рисот

    08/10/2026

    Помина 23 години со својот партнер, но никогаш не стапи во брак: „Ниту првиот пат не сакав“

    08/10/2026

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    07/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Видео) Сите зборуваат за драстичната промена на изгледот на Леонардо Дикаприо: „Повторно е секси“

    Сезоната на грип започна, вакцинација нема, граѓаните не можат ниту електронски да се пријават

    (Фото) Толку моќно и толку модерно: модно парче што ќе биде хит оваа сезона

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.