Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Комерцијална банка со добивка од 45,5 милиони евра во првата половина од 2026 година
    Македонија

    Комерцијална банка со добивка од 45,5 милиони евра во првата половина од 2026 година

    01/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила позитивен финансиски резултат од 2,798 милијарди денари, односно околу 45,5 милиони евра. Добивката е за 5,5 отсто пониска во споредба со истиот период минатата година, кога изнесувала 2,960 милијарди денари.

    Сепак, остварениот резултат е над очекувањата на банката, односно планираната бруто-добивка за првото полугодие е реализирана со 110,9 отсто, покажуваат неревидираните финансиски извештаи објавени преку Македонската берза. Податоците се неконсолидирани, односно се однесуваат само на работењето на банката.

    Добивката пред исправка на вредност, како показател за оперативната способност на банката да ги покрива трошоците од работењето, се намалила за 6,1 отсто. Од Комерцијална банка посочуваат дека намалувањето главно се должи геополитичка нестабилност, новиот конфликт на Блискиот Исток што предизвика дестабилизација на снабдувањето со нафта и гас, раст на цените и инфлаторни притисоци и покрај стабилната побарувачка и поддршката од јавните инвестиции.

    Вкупните приходи од работењето во првото полугодие изнесувале 4,336 милијарди денари и биле за 3,3 отсто пониски од оние во истиот период минатата година.

    Од друга страна, Вкупната актива на Комерцијална банка на крајот од јуни изнесувала 197,211 милијарди денари и била за 2,4 отсто поголема отколку на крајот од 2025 година.

    Кредитите и побарувањата од домаќинствата и компаниите пораснале за 3,4 отсто, додека вложувањата во хартии од вредност се зголемиле за 6,9 отсто. Банката во овој период вложила повеќе средства во државни обврзници и државни записи.

    Вкупните депозити достигнале 169,056 милијарди денари, што е раст од 2,6 отсто во споредба со декември 2025 година. Зголемувањето главно произлегува од повисоките депозити на домаќинствата и на нерезидентите.

    Во извештајниот период банката повлекла средства и од кредитната линија на Развојната банка, позната како „унгарски кредит“, наменета за компаниите, како и од програмата за зелено финансирање на Европската банка за обнова и развој.

    Акционерскиот капитал и резервите на крајот од јуни изнесувале 22,815 милијарди денари и биле за 1,1 отсто пониски од декември. Во мај банката исплатила вкупна дивиденда од 3,077 милијарди денари, односно по 1.350 денари за акција.

    Од Комерцијална банка очекуваат работењето до крајот на годината да продолжи во услови на неизвесен глобален амбиент, геополитички тензии и инфлациски притисоци. Банката најавува дека ќе се фокусира на одржување на квалитетот на кредитното портфолио, контрола на трошоците, натамошна дигитализација и приспособување кон новите регулаторни барања.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 𝟤𝟢𝟤𝟧 година

    Ревизорите откриле загрижувачки пропусти во работата на владината Служба за општи и заеднички работи

    Полицијата ја претресува кралската вила додека продолжува истрагата за поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.