Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Четворица заболени од маларија, потврдени и случаи на западно-нилска треска, денга и на зика вирус
    Македонија

    Четворица заболени од маларија, потврдени и случаи на западно-нилска треска, денга и на зика вирус

    28/07/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) досега евидентирал четири случаи на маларија, осум на западно-нилска треска, три лица имаат денга и едно лице има зика вирус. Вектор-преносливите заболувања се во подем поради новите енергетски трендови, како и сé позагрижувачката состојба со климатските промени, односно глобалното затоплување, кои доведуваат до можност за интензивно распространување на заразни заболувања во географски предели каде досега не биле регистрирани.

    На ова, во интервју за Мета, уште пред 3 години предупреди асс. д-р Драган Кочински, специјалист епидемиолог во Одделот за епидемиологија на заразни болести при Институт за јавно здравје, кој кажа дека вектор-преносливите заболувања се голема закана за здравјето на луѓето ширум светот. Во врска со новите случаи денеска на прес-конференција информираше министерот Сашо Клековски.

    „Влегуваме во висока сезона на одмори и во период на поголеми температури, имаме 4 случаи на маларија и сите се поврзани со Африка и Индискиот океан, односно Малдиви и Занзибар. Денга имаме 3 случаи, таа е поврзана со Малдиви и 1 случај на зика, исто поврзан со Малдиви. Повик до луѓето кои патуваат во Африка, да ги следат препораките од СЗО. Иако процентите се многу мали, потребно е да се има заштита и рана детекција“, кажа тој.

    Во однос на случаите на заболени со маларија, Клековски кажа дека се прави анализа за достапноста на лекови.

    „Има базични лекови кои се широко достапни, како доксициклин и слични антибиотици. За другите лекови кои се поспецифични за третман, работиме на тоа и тие ги нема на пазарот оти немавме две години маларија и се предмет на интервентни увози. Се надевам дека наскоро ќе бидат достапни“, додаде тој.

    Ззболените од западно-нилска треска се над 60 годишна возраст   

    Како што додаде, има осум случаи на западно-нилска треска, од кои два се евидентирани во јуни, а другите се актуелни. Еден е поврзан со Грција, како и Велес и Скопје.

    „Сите пациенти се над 60 годишна возраст и се со коморбидитети. Во моментот е издадена насока до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) да контролира, да се изврши дезинсекција во општините. Кај 7 од случаите извршена е дезинсекција во радиус од 200 метри од местото на живеење. Се работи за луѓе кои биле туристи, нивните семејства се засегнати. Тие се во средна доба, 45 години“, рече Клековски.

    Кочински, пак, од ИЈЗ во интервју за Мета кажа дека во нашето соседство (Грција, Србија, Бугарија) се регистрираат голем број на случаи на западно-нилска треска секоја година, а во Грција (дури и во регионите кои граничат со Северна Македонија), повторно се регистрираат автохтони случаи на маларија.

    „Затоплувањето се предвидува да ја прошири областа погодна за пренос на болести пренесени од вектор во Европа, главно на север. Деталните анализи за инфекции со вирусот на Западен Нил, денга и чикунгуња сугерираат дека проширувањето би се случило главно на рабовите на сегашните региони каде се пренесува. Меѓутоа, според сценариото за високи емисии во текот на 21 век, голем дел од јужна Европа ризикува да биде нападнат од Aedes aegypti, комарци кои пренесуваат денга“, кажа тој.

    Во Република Северна Македонија, како што кажа Кочински во интервјуто за Мета, согласно законската регулатива (Закон за заштита на населението од заразни болести) на задолжително пријавување подлежат и вектор-преносливите заболувања (болести кои се пренесуваат исклучиво преку вектори или и по други патишта): маларија, лајмска болест, лајшманиоза, туларемија, жолта треска, дамчест тифус, хеморагични трески, чума, денга, а во склопот на вирусни енцефалити и западно-нилската треска. Овие болести кај нас се регистрираат секоја година, со поединечни случаи или во епидемиска форма.

    Вакцина кај нас има само за жолта треска 

    Од болестите кои се пријавуваат и регистираат во Северна Македонија, само за жолта треска постои високо ефикасна, ефтина вакцина која обезбедува имунитет кај 95 отсто од вакцинираните.

    „Рутински се користи во мал број земји. Препорачана е кај луѓе кои патуваат во земји каде оваа болест постои и каде се бара сертификат за вакцинација на лица кои доаѓаат од вакви подрачја“, додаде Кочински.

    Поврзани вести

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Ветерниот парк во Штип ќе обезбедува енергија за над 140.000 домаќинства

    09/09/2026

    Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

    09/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026

    Вилијам Болдвин за конфликтот со Шерон Стоун: „Никогаш повеќе нема да работам со неа“

    09/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Министерството за правда на САД истражува дали Иран ја користел крипто-берзата „Бајненс“

    (Видео) Ај Кју со „Мажена“ го продолжуваат музичкиот континуитет

    Објавена програмата на Скопскиот поетски фестивал, ќе има стотина поети од земјава и од странство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.