Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нови несогласувања за Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ бара договор, СДСМ обвинува за блокада
    Македонија

    Нови несогласувања за Изборниот законик: ВМРО-ДПМНЕ бара договор, СДСМ обвинува за блокада

    10/07/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На прес-конференција во Собранието, Стојаноски информира дека работната група составена од координаторите на пратеничките групи одржала средби во саботата и во вторникот, на кои ВМРО-ДПМНЕ предложила решение за надминување на разликите околу измените на Изборниот законик.

    „Денеска е петок, сè уште немаме никаков одговор на понудата што ја произнесовме, не се најавува никаква иницијатива за средба помеѓу опозициските партии. В понеделник е веќе 13 јули, крајниот рок што го имаме како држава да ја заокружиме оваа цел за да имаме 10 од 10 исполнети задачи, краен рок е 15 јули. Затоа, сметаме дека оваа тема е пресериозна за да се политизира по неа“, вели Стојановски.

    Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го прифати секое решение што ќе го усогласат опозициските партии – Демократската унија за интеграција (ДУИ), Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Левица, како и блокот на Зијадин Села и Арбен Таравари – без разлика, како што додаде, дали се однесува на една изборна единица, моделот на финансирање на политичките партии или механизмите за изборни приговори.

    „Сè што тие ќе стават во еден законски текст ние ќе го прифатиме, сè додека во него е вклучено гласањето на дијаспората. Даваме бланко-поддршка и веднаш ќе го потпишеме таквото законско решение“, рече пратеникот.

    Според него, разликите меѓу политичките партии за изборниот модел, финансирањето на партиите и другите прашања не треба да бидат пречка за постигнување договор, доколку се обезбеди правото на глас на дијаспората.

    „Дали конкретно се работело за една изборна единица, би го прифатиле она што тие ќе го договорат. За финансирањето на политичките партии, исто така модел што тие би го договориле, ние би го прифатиле моделот за поплаки што сметаа дека треба да биде внесен, и него би го прифатиле сè додека во сето тоа е вклучено гласањето на дијаспората. Што сакаат, како сакаат, за што тие сметаат дека треба да бидат прифатени, за нас ќе бидат прифатливи, веднаш даваме бланко-поддршка, го потпишуваме тоа законско решение што тие би го доставиле до нас сè додека е вклучено гласањето на дијаспората“, вели пратеникот.

    Стојаноски повтори дека има време до 15 јули за усогласување и упати повик до опозициските партии да седнат на заедничка маса и да ги надминат несогласувањата.

    СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека намерно го одолговлекува постигнувањето договор за измените на Изборниот законик со цел, како што наведуваат, да создаде алиби за застојот на реформите поврзани со европската интеграција на државата.
    Од партијата реагираат на повикот на пратеникот Бојан Стојаноски до 15 јули да биде постигнат договор за Изборниот законик, оценувајќи дека владејачката партија нема вистинска намера да постигне консензус.
    Според СДСМ, проблемот е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа механизми за контрола на гласањето на дијаспората, што, според нив, го блокира делот од Реформската агенда кој се однесува на изборното законодавство.
    Од СДСМ велат дека дијаспората треба да го задржи правото на глас, но гласањето мора да биде контролирано и проверливо за да се спречат можни изборни злоупотреби.
    Партијата додава дека нема да поддржи решенија кои, според нив, би овозможиле изборни манипулации, ниту ќе дозволи реформите да бидат ставени во втор план поради партиски интереси. Од СДСМ порачуваат дека, доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина сака договор, треба да прифати контролирано гласање на дијаспората.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    (Фото) Објави селфи, па предизвика хаос на интернет

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп вели дека САД и Украина се многу поблиску до мировен договор, судбината на Донбас останува неизвесна

    Кина испука ракети кон Тајван во воената вежба што симулира блокада на островот

    Кривична пријава за две лица за убиството во Дуќанџик

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.