Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Уркиза: Со развојот на технологијата соработката на полициските агенции е поважна од кога било
    Македонија

    Уркиза: Со развојот на технологијата соработката на полициските агенции е поважна од кога било

    09/07/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во гостување на TВ Сител, Уркиза нагласи дека големината на една држава не е клучен елемент, туку нејзиниот потенцијал да придонесе во глобалните активности за спроведување на законот. Тој посочи дека во моментов двајца функционери од Македонија работат во седиштето на Интерпол, од кои едниот ја предводи целата глобална програма за бегалци, барани и исчезнати лица.

    „Полициските сили на Северна Македонија се активен член на нашата организација и ние имаме голема корист од ова партнерство. Успеавме да ги вклучиме локалните агенции во неколку оперативни активности кои се движат од борба против трговија со дрога, па сè до трговија со луѓе и оружје. Исто така, лани во ноември потпишавме договор со кој Полициската академија тука се вклучи во нашата глобална мрежа, што значи дека и полициски службеници од други земји можат да учат од македонската експертиза“, посочи Уркиза.

    Македонската полиција, додаде, има клучен преглед врз информациите за заканите и криминалните мрежи што транзитираат низ Западна Балкан, регион чии криминални групи, според Уркиза, веќе не дејствуваат изолирано туку се целосно интегрирани и глобализирани.

    Според генералниот секретар на Интерпол, најголемите безбедносни закани денес доаѓаат од технологијата и развојот на сајбер-криминалот, како и од глобалниот раст на трговијата со дрога.

    „Вештачката интелигенција навистина го трансформира начинот на кој се врши криминалот. Но, таа станува и наш сојузник. Иако не со исто темпо како криминалците, агенциите за спроведување на законот веќе усвојуваат АИ решенија кои ни помагаат да обработиме огромен волумен на податоци и да спречиме злосторства што претходно, со мануелна работа, беа невозможни“, вели првиот човек на Интерпол, посочувајќи дека ова бара и промена на профилот на полициски службеници кои се регрутираат.

    Уркиза илустрираше дека организацијата служи како централен центар за податоци кој минатата година содржел над 150 милиони криминални досиеја, проверени од земјите-членки повеќе од девет милијарди пати. Кога македонските власти, вели, ќе внесат баран криминалец во базата, тој автоматски се проверува на граничните контроли и списоците на патници ширум светот.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Николоски: Бугарија го ратификуваше договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

    Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата шири страв и паника

    Сите правиме грешка при подготовката на кафе – затоа има премногу силен вкус

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.