Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Децата кои живеат во околината на Усје да добијат гаранции дека нема да имаат последици од загадувањето, побараа екологисти на денешната јавна расправа
    Македонија

    Децата кои живеат во околината на Усје да добијат гаранции дека нема да имаат последици од загадувањето, побараа екологисти на денешната јавна расправа

    03/07/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Има ли гаранции дека децата кои живеат во околината на Усје нема да имаат последици од загадувањето на воздухот, праша денеска Драги Змијанац од Детската амбасада Меѓаши на јавната расправа за издавањето на новата А-интегрирана еколошка дозвола за Цементарницата Усје со која ќе треба да се утврдат условите под кои капацитетот ќе треба да работи во следните седум години.

    Змијанацапелираше Министерството за животна средина прво на истражи дали има загадување кое доаѓа од Усје со независни анализи пред да одлучи дали ќе им издаде нова дозвола за работа.

    „Според истражувањата на УНИЦЕФ, најголемиот ризик за здравјето на децата е загадениот воздух, а 11,6 отсто од смртните случаи кај новороденчиња се поврзани со загадувањето на воздухот. Загрижени сме од барањата на Цементарница за зголемување на употребата на алтернативни горива биде истражувањата велат дека согорувањето осдлободува диоксини и фурани, исклучително опасни за децата и предизвикувачи на малигни заболувања“, рече Змијанац.

    Од граѓанската иницијатива Стоп за Усје денеска посочија дека во барањето за обнова на А-интегрираната дозвола на Цементарницата се пропишани гранични вредности за само три загадувачи, идентични на старата дозвола и до 8 пати повисоки од оние во ЕУ. Истовремено, целосно недостасуваат гранични вредности и мониторинг за тешки метали, ЦО и ЦО2, диоксини и фурани– едни од најопасните загадувачи, а истовремено „Усје“ бара зголемување на употребата на отпад како гориво. Тие сметат дека без поставување гранични вредности загадувачите немаат обврска да ги почитуваат максималните вредности, а во тој случај се ослободени и од одговорност.

    „Мониторингот на тешки метали што го направиле Усје само двапати досега, во 2020 и 2025 година покажува зголемени вредности за неколупати, како на пример кај талиумот. Досега не слушнавме од Министерството или друга институција дека нешто се презема околу тоа, посочи Марија Манолчева од Стоп за Усје.

    Активистите се незадоволни што земјава нема утврдени гранични вредности за дозволените концентрации на загадувачи во почвата, заради што загадувачите не можат да бидат казнети. Од таму посочија дека Усје нагласува дека ќе работи според најдобрите достапни практики, а сепак во дозволата за испустите од поголемиот број на филтри предвидува вредности кои се трипати поголеми од европските. Тие побараа капацитетот да престане како гориво да користи петрол кокс.

    Од Цементарницата вчера промовираа портал за животна средина на кој ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и ќе  бидат објавени дневни податоци од мониторингот што се спроведува 24 часа 365 дена во годината, а досега се објавуваа само неделните извештаи. Ова, според „Стоп за Усје“ е само поинаков начин на претставување на истите резултати, односно само за три полутанти кои се мерат и побараа утрврдување максимуми и за сите други загадувачи.

    Од Министерстовто за животна средна, пак, велат дека тие се надлежни да им ги наложат граничните вредности на компаниите кои бараат А-интегрирана дозвола.

    „Во барањето не се наведени максималните вредности заради тоа што ние ќе ги определиме во дозволата. Новиот закон за индустриски емисии кој стапи на сила во септември минатата година, а ќе с еприменува од септември идната година е целосно усогласен со европските Директиви и секоја сериозна компанија која во моментов бара дозвола ќе треба да се усогласи со тие правила, вели Беса Татеши, раководител на Секторот за индустриско загадување.

    Од Титан Усје и денеска нагласија дека работат согласно со законите, европските стандарди и принципите на одржлив развој и дека се отворени да ги слушнат прашањата на сите заинтересирани страни.

    „Работиме согласно она што е пропишано во постоечката А-интегрирана еколошка дозвола и ќе продолжиме да работиме согласно важечките закони коишто пак ги транспонираат европските директиви. Никогаш, ниту досега, а нема ни во иднина, да ги надминуваме пропишаните вредности коишто се дел од сегашната дозвола и во иднина коишто ќе бидат пропишани со обновената А-интегрирана еколошка дозвола, рече Наташа Бакреска од Усје.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

    „Сцена за сечиј сон“ – отворен 4. интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во Скопје

    Заканата од војна меѓу САД и Иран ескалира, Трамп предупредува дека времето за договор истекува

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.