Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Јавните личности се простуваат од Владо Јаневски, кој почина по кратко боледување
    Македонија

    Јавните личности се простуваат од Владо Јаневски, кој почина по кратко боледување

    29/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера на 65-годишна возраст по кратко боледување.

    По веста за неговата смрт, јавни личности и негови долгогодишни соработници почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи.

    Каролина Гочева сподели три заеднички фотографии со Јаневски и ја придружи објавата со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“. Таа напиша: „Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…“.

    Калиопи, пак, напиша дека Јаневски ја нарекувал „Каља“. Во нејзината порака стои: „Си замина тивко, без поздрав… Ми беше другар, а јас твојата Каља… Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме… Некогаш и негде…“.

    Од него се прости и шоуменот и актер Игор Џамбазов, кој напиша: „Збогум, Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за сè што направи…“.

    Манекенката Катарина Ивановска која се појави во видеоспотот за песната „Ако не те сакам“, сподели сегмент од спотот и емотикон со бел гулаб.

    Порака објави и актерката Весна Петрушевска. Таа напиша: „Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе. Ќе фалиш“, алудирајќи на Тоше Проески.

    Од манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ соопштија дека Јаневски ќе остане запаметен по песните што „ќе останат вечни спомени за љубовта, разделбите и најубавите моменти што ги носиме во себе“.

    Тијана Дапчевиќ исто така се огласи со последен поздрав. „Другарче мое… мирно патувај кон вечноста… многу ќе ѝ недостасуваш на твоја ‘Тијанисимо’… ме искрши“, напиша таа.

    Поврзани вести

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026

    „Уште колку имиња треба да научиме за институциите да преземат одговорност?“ – Масовен протест во Скопје против фемицидот

    08/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Три модели на џемпери што ќе доминираат оваа есен и зима – како да ги носите

    10/11/2026

    (Фото/Видео) Сите зборуваат за неа: Италијанската убавица во секси издание

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026

    Бени Шаќири од МКЦ оди во кабинетот на Орце Ѓорѓиевски како советник за култура, Димче Арсовски е нов директор на МКЦ

    09/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Нова борбена победа на ШК Алкалоид за влез во европскиот топ 10

    Истрага за полов напад врз малолетно девојче во Штип

    Состанок за Реформската агенда вечерва во Владата

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.