Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Василевска: СДСМ калкулира со гласањето на реформските закони
    Македонија

    Василевска: СДСМ калкулира со гласањето на реформските закони

    28/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Таа потсети дека на вчерашната собраниска седница беа разгледувани и усвоени повеќе значајни законски решенија кои се дел од Реформската агенда и кои се важни за исполнување на обврските што државата ги презема во процесот на европската интеграција.

    „Дополнет беше предлог-законот за судска служба со 61 глас ‘за’ и 12 ‘против’. Дополнет беше предлог-законот за јавнообвинителска служба со 62 гласа ‘за’ и 13 ‘против’. Усвоен беше предлог-законот за високи раководители со 62 гласа ‘за’, а пратениците од СДСМ не гласаа. Дополнет беше и предлог-законот за користење на енергија од обновливи извори со 62 гласа ‘за’, додека СДСМ повторно не даде поддршка. Предлог-законот за оружје беше усвоен со 70 гласа ‘за’, СДСМ не гласаше. Ова јасно покажува дека кога станува збор за конкретни реформи, СДСМ нема намера да придонесе“, рече Василевска.

    Според неа, лесно е да се зборува за Европа на прес-конфернеции, но многу поважно е како се постапува кога треба да се гласа во Собранието.

    „Кога ќе дојде редот да се работи на реформите, од СДСМ не ги поддржуваат законите, но и избегнуваат да учествуваат и во процесите што треба да доведат до нивно креирање. Така беше со работната група за Изборниот законик, од СДСМ не учествуваа и избраа да ја бојкотираат работната група, иако таа има задача да ги имплементира препораките на ОБСЕ и ОДИХР и да ги усогласи со стандардите што ги бараат европските институции. Токму овие препораки, се дел од извештаите за напредокот на државата и се важен дел од реформскиот процес. Јавноста има право да знае, дали за СДСМ европски пат е да не се поддржи ниту едно решение и да се бега од работните групи, а и да не се гласа за реформските закони“, рече Василевска.

    Таа додаде дека Европскиот совет и Европската комисија ја препознаваат динамиката со која Македонија ги реализира реформите.

    „Тоа е причината поради која нашата држава доби и најголем износ на финансиска поддршка од Планот за раст, во споредба со останатите земји од регионот. Европската Унија внимателно го следи реформскиот процес и ги поздравува чекорите што ги презема Владата. За жал, за СДСМ ниту оценките од европските институции, ниту конкретните резултати, очигледно не се доволни за да покажат одговорност и да дадат поддршка“, рече Василевска.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    Италијанската инфлуенсерка Киара Ферањи ослободена од обвиненија за тешка измама

    Oбвинение за Стојанче Јовановски за кривично дело „наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.