Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Нерешени имотни прашања, доцнење на проекти и спорни вработувања, ДЗР утврди сериозни слабости во АД МЕПСО
    Македонија

    Нерешени имотни прашања, доцнење на проекти и спорни вработувања, ДЗР утврди сериозни слабости во АД МЕПСО

    25/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) открила сериозни слабости кај АД МЕПСО во управувањето со имотот, инвестициите, јавните средства и човечките ресурси, кои влијаат врз развојот на електропреносниот систем.

    Според ревизорскиот извештај за 2024 година, за повеќе од половина од далекуводите со кои управува МЕПСО не е обезбедена целосна документација за сопственост. Од вкупно 112 далекуводи, за 59 друштвото не располага со имотни листови, а нерешени остануваат и имотно-правните односи за 33 трафостаници што се во заедничка сопственост со ЕВН.

    „Преносната мрежа на АД МЕПСО Скопје интегрира 112 далекуводи, при што за 53 далекуводи запишано е правото на сопственост во Агенцијата за катастар на недвижности, додека за 59 далекуводи друштвото не располага со имотни листови . За овој имот отпочнати се постапки за утврдување на правниот статус, но истите се сложени и долготрајни поради големиот број локации и нерешените имотно-правни односи, а во одредени случаи не може да се утврди основот за стекнување на правото на сопственост“, се вели во соопштението на ДЗР.

    Ревизорите констатирале и слабости во сметководствената евиденција, поради што не може со сигурност да се утврдат бројот и вредноста на дел од далекуводите и трафостаниците. Дополнително, дел од завршените проекти во вредност од над 1,2 милиони евра не биле ставени во употреба, а за други инвестиции недостасува документација што би ја потврдила нивната оправданост.

    „Оваа состојба влијае на висината на тарифата за пренос на електрична енергија, која се утврдува со одлука од страна на РКЕ, а врз основа на сметководствените податоци и финансиски евиденции доставени од страна на АД МЕПСО Скопје“, стои во соопштението на ДЗР.

    Ревизорите утврдиле дека дел од инвестициските проекти на МЕПСО се соочуваат со поскапувања, доцнења и прекин на договорите. Кај три проекти вредноста на првично договорените работи е зголемена, при што најголемото поскапување е регистрирано кај проектот за ревитализација на далекуводот меѓу трафостаниците Скопје 4 и Велес, каде што договорот е зголемен за 51 отсто, односно за речиси 1,5 милиони евра. Истовремено, најголемото доцнење, од пет години и осум месеци, е забележано кај реконструкцијата на далекуводот Битола-Прилеп, додека два проекти биле прекинати иако претходно биле делумно реализирани.

    Дополнително, и покрај тоа што во јуни 2024 година бил одобрен заем од 26,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за изградба на далекуводот Валандово-Милетково, градежните активности сè уште не се започнати. Поради тоа, МЕПСО веќе платил над 155 илјади евра за провизии и трошоци поврзани со неповлечените средства.

    Според Државниот завод за ревизија, ваквите состојби „негативно влијаат врз модернизацијата и сигурноста на преносната мрежа“ и укажуваат на потреба од поефикасно управување со инвестициските проекти.

    Во извештајт на ДЗР се посочува и дека МЕПСО користи кредити во вкупна вредност од 102,4 милиони евра, но повеќе од половина од одобрените средства не се повлечени. Само за провизии за неповлечени средства во 2024 година биле платени речиси 246 илјади евра, додека вкупните трошоци за камати и провизии достигнале речиси 9 милиони евра.

    Ревизијата открила неправилности и кај вработувањата. Кај 65 отсто од нововработените лица во 2024 година биле утврдени отстапувања во исполнувањето на условите од јавните огласи и систематизацијата на работните места, а дел од нив биле прераспределени или унапредени кратко по вработувањето.

    Во извештајот се спомнува и сајбер нападот врз МЕПСО во 2024 година, кој предизвикал привремена недостапност на дел од информатичките системи, без да биде загрозен преносот на електрична енергија. Ревизорите препорачуваат дополнително зајакнување на сајбер-безбедноста и подобрување на управувањето со ресурсите и инвестициите.

    И покрај утврдените слабости, ДЗР констатира дека приходите од основната дејност, пренос на електрична енергија, пораснале во 2024 година, пред сè поради повисоките тарифи за пренос и зголемените приходи од прекуграничните преносни капацитети.

    Поврзани вести

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Безбеден град се проширува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

    25/09/2026

    Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица, утврди стручната комисија

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Големо признание од Советот на Европа за нивото на демократија во Македонија

    Истрага во Битола против лице вработено во образовна установа за поседување детска порнографија

    Предлог-законот за Советот на јавните обвинители проследен на второ читање во Собранието

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.