Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Влен е спремна за предвремени избори, но не по секоја цена
    Македонија

    Влен е спремна за предвремени избори, но не по секоја цена

    22/06/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во прилог на тезата дека не се плашат од избори во кој било момент, генералниот секретар на Влен вели дека раководат со десет општини и тој факт е добра почетна точка за разлика од нивните опоненти кои се во опозиција.

    „Овој став е пренесен и во јавноста и на опозицијата и на партнерите дека сме спремни за избори, меѓутоа дека не се потребни сега, затоа што уште имаме за реализација, уште треба да се работи… Доколку има нов моментум политички, којшто ќе ја смени динамиката на развој во државата дека е битно тоа за државата, секако сме спремни. Не би дискутирале во делот што е подобро за граѓаните, меѓутоа дека ние како политичка партија бараме предвремени избори само за да покажеме дека ќе ги добиеме изборите, мислам дека тоа е погубно и за нас како политичари и за граѓаните“, изјави Сали во гостување во емисијата „360 степени“.

    Во однос на преговорите за реконструкција на Владата што се во тек, Сали рече дека ВЛЕН ќе има освежувања во своите редови, но и дека освен за нови имиња меѓу владините партнери се разговара и за ротација на ресори.

    „Сигурно ќе има освежување од страна на Влен во екипата, а за другиов дел останува сè уште отворено. Значи, разговараме за можностите – имињата да се менуваат или, пак, позициите како ресори“, рече Сали.

    Прашан дали би прифатил повторно да биде министер за здравство, Сали рече дека „сè е отворено, не можам ни да негирам ниту, пак, да потврдам дека е така, дали ќе биде во иднина, затоа што тоа е сè дел на преговори“.

    На прашањето какви информации има за преговорите на другиот коалициски партнер ЗНАМ и дали може да се очекува нов кадар во ресорот Правда со оглед дека јавна тајна е дека Министерството за правда е дел од преговорите, Сали рече дека е очекувано таму да има промена.

    „Мислам дека е очекувано, меѓутоа не можам да навлезам во детали во кој правец ги развиваат преговорите и како разговараат, кои се размислувањата на коалициониот партнер ЗНАМ. Меѓутоа, очекувано е таму да има некоја промена што ќе рефлектира повеќе ангажман“, рече Сали.

    Според Сали, со обвинувањата за Законот за правична застапеност ДУИ го понижува албанскиот фактор во институциите.

    „Основата на овој закон е во Охридскиот договор. Тие што со знаме на Охридски договор добија неколку циклуси на избори, не успеаја да обезбедат закон за застапеност. Ние во период од година и пол отприлика успеавме и законот и консолидација во Владата и одлука на Владата како предлог на Владата да го пуштиме во Собрание. Тоа е во собраниска процедура. Првото читање помина, сега утре е второто читање во Комисијата за политички систем. Јас очекував реално поконкретна дебата за да имаме подобар закон. Не сметам дека е идеален, меѓутоа е најдобар досега. И дека е замена на ‘балансерот’, тоа е несомнено, затоа што ‘балансерот’ го повлекоа, го дерогираа тие самите. Значи, во време на таа влада ние имаме потписи собрани од пет министерства коишто ги управуваа експоненти на ДУИ, со коишто дадоа мислење дека ‘балансерот’ треба да се повлече затоа што во согласност со агенда којашто е 2022-2028, ако не се лажам, за реформи во јавната администрација, ‘балансерот’ не треба да биде функционален“, појасни Сали.

    Во однос на прашањето за полагање на правосудниот испит, Сали вели дека Владата е блиску до комбинирано јазично решение.

    „Во делот на работата на комисијата која беше експертска комисија, таа фаза е завршена. Има неколку минорни измени со кои кандидатот ќе треба да поднесе барање на кој јазик сака да полага и ќе се даде право да полагаат и тие што студирале на албански, и на англиски, и на турски јазик, односно да можат да го полагаат правосудниот испит на јазикот на кој студирале“, изјави Сали.

    Идејата на Владата, како што објасни Сали, е дел од предметите предвидени со правосудниот испит да се полагаат на јазикот на кој ќе побара кандидатот (албански, турски, англиски…), а двата предмета што опфаќаат практичен дел да бидат на македонски.

    Поврзани вести

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    ДИК ги измеша бројките за Брвеница, ја признаа грешката по реакциите на „Порталб“

    18/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    ДИК ги измеша бројките за Брвеница, ја признаа грешката по реакциите на „Порталб“

    18/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска: На македонските граѓани не им се потребни сожалувања, туку решенија

    Три деца меѓу 25 жртви во еден од најсмртоносните руски напади врз западна Украина, повеќе од 70 други се повредени

    Музичка драма што остава без здив – „Риголето“ од Џузепе Верди на сцената на Националната опера и балет

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.