Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Реконструираната болница во Струмица ќе биде пуштена во употреба во септември, најави Мицконски
    Македонија

    Реконструираната болница во Струмица ќе биде пуштена во употреба во септември, најави Мицконски

    17/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека реконструкцијата на болницата претставува проект што граѓаните го чекале со децении, посочувајќи дека до крајот на август болницата ќе биде доопремена и подготвена за употреба.

    „Околу 40тина години се чекаше да случи ова што денеска се случува, нормално сега треба последната рака на средување да се случи што е мало доопремување коешто очекуваме да заврши до крајот на август и конечно веќе да речеме од почетокот на септември целосно да биде објектот пуштен во употреба“, изјави Мицкоски.

    Реконструкцијата на струмичката болница се најавуваше повеќе од една деценија. Владата уште во 2014 година започна постапки за реконструкција и доградба на ново болничко крило од околу 6.000 квадратни метри, а градежните работи започнаа во 2016 година. Тогаш беше наведено дека новото крило се довршува по повеќедецениски застои во изградбата.

    Во своето обраќање Мицкоски истакна дека здравството останува еден од главните приоритети на Владата и најави продолжување на инвестициите во здравствената инфраструктура, вклучително и проектите за Клиничката болница во Штип, Клиничката болница во Тетово и здравствениот дом во Кичево.

    „Во здравството прилично многу имаме фокус, зградата во Кичево, здравствениот дом заедно со проширената дејност таму и Клиничката болница во Тетово, а веќе во некоја следна фаза размислуваме и го развиваме проектот за голем клинички центар во Скопје на локација за којашто веќе зборувавме“, истакна Мицкоски.

    Премиерот најави и дека неделава ќе биде објавен тендер за физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Радовиш–Струмица, како дел од идното патно поврзување кон Бугарија.

    „Вториот дел е веќе отпочнат односно распишана е јавна набавка за физибилити студија и проектно решение на експресен пат којшто ќе ги поврзе Кочани и Виница со Делчево, и сега останува да се надоврзе и отсечката Радовиш-Струмица и граничен премин кон Бугарија“, рече Мицкоски.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Грчките земјоделци продолжуваат со блокади на граничните премини, денеска ќе одлучат дали протестите ќе се радикализираат

    Демонстрантите во Тирана нападнаа згради на Владата, банки и продавници

    Ацевска освои бронзен медал на Европското првенство во Крит

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.