Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Стоп за Усје“: ДИЖС ја укина јавноста на инспекциските надзори
    Македонија

    „Стоп за Усје“: ДИЖС ја укина јавноста на инспекциските надзори

    03/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) престана да ги објавува неделните извештаи за спроведените инспекциски надзори, посочува граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Според иницијативата,  со ова се укинува единствениот механизам преку кој јавноста можеше да добива увид во работата на инспекциските служби.

    „До март 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) редовно објавуваше неделни извештаи за извршените инспекциски надзори. Тие претставуваа единствен редовен механизам преку кој јавноста можеше да добие барем минимален увид во работата на инспекциските служби: каде се вршат контроли, кои субјекти се инспектирани и дали се утврдени неправилности. Оваа практика сега е прекината. Одлуката е донесена без јавно образложение, без претходна најава и без да биде предвидена во Годишните планови за работа на ДИЖС за 2024 и 2025 година, каде транспарентноста е наведена како едно од основните начела на институцијата“, пишува во соопштението.

    Оттаму прашуваат кој ја донел оваа одлука, со кој акт е донесена и врз основа на каква анализа е одлучено.

    Од ДИЖС им одговориле дека неделните извештаи не биле законска обврска и поради тоа истите нема веќе да бидат објавувани.

    „Овој став е особено загрижувачки ако се има предвид дека во ДИЖС моментално се спроведува ЕУ Твининг проект чија цел е токму зголемување на транспарентноста, подобрување на комуникацијата со јавноста и развој на платформа со податоци за инспекциски надзори и индустриски капацитети. Токму затоа е апсурдно што паралелно со ветувањата за поголема отвореност, ДИЖС ја укинува единствената практика преку која граѓаните редовно добиваа информации за инспекциските контроли“, велат од Стоп за Усје.

    Од иницијативата посочуваат дека додека ЕУ инвестира во поголема поголема транспарентност и достапност на податоците, ДИЖС во пракса ги намалува информациите што им се достапни на граѓаните.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Хенигман: Игравме против најдобриот тим во светот, можеме да бидеме горди

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    Нападите на САД врз Иран повторно ја зголемија цената на нафтата, еден барел достигна 105 долари

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.