Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Радев: Македонија да ја исполни преговарачката рамка
    Политика

    Радев: Македонија да ја исполни преговарачката рамка

    06/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Нашата позиција е дека не треба да внесуваме наследени политички и историски проблеми внатре во европското семејство. Верувајте дека ќе продолжиме да стоиме зад оваа позиција. Ги поздравуваме нашите домаќини од Црна Гора за напредокот и високо ги цениме напорите на Албанија, за напредок кон членството“, изјави Радев.

    Тој ги повика останатите земји од Западен Балкан да земат пример од овие две земји, доколку сакаат да достигнат до сличен резултат.

    „Денешната средба е важна. Знаете дека Бугарија секогаш била основен мотор на процесот на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан. Бидејќи ние веруваме дека тоа е инвестиција во нашата безбедност и придонесува за проширување на заедничкото европско пространство за стабилност и просперитет“, изјави Радев.

    Принципот за сопствените достигнувања е клучен, додаде Радев.

    „Не можеме да си дозволиме да ги компромитираме Копенхашките критериуми за членство поради сложената геополитичка состојба. Бидејќи ако сега вештачки, со брзање ги ‘изгаснеме’ тие проблеми, тие ќе се појават после години во европското семејство. Ние не сакаме тоа да се случи и нема да го дозволиме“, дециден е бугарскиот премиер Радев.

    На прашање за интеграцијата на Македнија во ЕУ, Радев повтори дека уставните измени се услов за процесот.

    „Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ. Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од јули 2024 година и чекаме тие конечно да го изменат Уставот и да ги вклучат Бугарите во него. Многу е едноставно. Потребно е да го направат само овој чекор за да се отвори вратата за преговарачкиот процес“, рече Радев.

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Целерот е поздрав отколку што мислите: Еве зошто треба да го вклучите во вашата секојдневна исхрана

    25/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Субвенциите за домаќинства за приклучок или котел на гас продолжуваат до крајот на октомври

    Супербоул 2026 е втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД

    Откажани осум заради магла, а реализирани 27 летови од аеродромот во Скопје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.