Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Ќе победуваме и внатре и надвор, позицијата кон условите на Бугарија не се менува
    Македонија

    Мицкоски: Ќе победуваме и внатре и надвор, позицијата кон условите на Бугарија не се менува

    03/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, премиерот Христијан Мицкоски беше запрашан дали очекува промена на ставот на Брисел кон евроинтеграцискиот процес. Прашањето следуваше по вчерашната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој повторно нагласи дека Македонија треба да ги исполни условите договорени во 2022 година.

    Мицкоски одговори дека со Кошта имаат изградено искрен однос, иако не се согласуваат секогаш, особено по ова прашање и порача дека ставот на Владата останува непроменет и оти земјата нема да влезе во, како што рече, „авантура без јасен крај“, без разлика на политичкиот притисок или условувањата.

    „Не постои цена која ќе ме натера како претседател на Влада да влезам во таква авантура, а во која нема извесност“, изјави Мискоски

    Тој посочи дека во минатото македонските политичари често биле „тапкани по рамо“ и добивале ветувања дека „ако уште ова се исполни, ќе следи членство во ЕУ“, што, како што рече премиерот, на крајот резултирало со тоа земјата да остане во статус кво, речиси непроменет во однос на пред 26 години.

    „Од она што ми беше соопштено од билатералната средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, мислам дека таму драматично се радикализира состојбата и ова не е единствениот услов на патот до ЕУ“, рече Мицкоски.

    Причината за радикализацијата на Бугарија, како што посочи премиерот била опозицијата, за која, како што рече, „не бира средства“ во обид да ги поткопа позициите на Владата во одбраната на македонските национални интереси. Тој додаде дека Владата ќе продолжела да се спротивставува на ваквите напади, посочувајќи дека има „доволно сила да победува и дома и надвор“.

    „ЕУ-процесот не е спринт, туку маратон и потребно е стратегија, план и визија. Ваквиот пат се победува со ум, не се победува со брзање и притисок и затоа македонската јавност треба да се обедини околу политиките на Владата во одонос на ова прашање“, порача Мицкоски.

    Прашан дали изјавата за „победа надвор“ се однесува на земји како Словачка, кои сметаат дека проширувањето кон Западен Балкан треба да има приоритет пред Украина и кои би можеле да влијаат врз ЕУ, а со тоа и врз Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски рече дека не очекува промена на ставот на Софија, особено сега кога, како што рече, новата бугарска влада се наоѓа во „меден месец“.

    Тој за новоизбраната бугарска влада додаде дека, во обид да го одвлечат вниманието од домашните проблеми, би можеле да отвораат вакви прашања за да се прикажат како заштитници на сопствените национални интереси.

    „За разлика од кај нас, таму постои единствено мислење по ова прашање“, изјави Мицкоски.

    Тој за крај порача дека политичките гарнитури се менуваат, но важно е што ќе се остави позади.

    „Сепак, ние сме луѓе коишто во политиката влегле со интегритет, не сме луѓе коишто од голтари станале милионери на грбот на граѓаните и наша задача и цел е да повратиме дел од загубеното, а не дополнително да загубиме“, изјави Мицкоски.

    Премиерот Христијан Мискоски одговараше на новинарски прашања на заедничка прес-конференција со министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори

    Лани имало рекордни вработувања во градинките, тврди Велковски

    Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 𝟤𝟢𝟤𝟧 година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.