Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»УКИМ втора година по ред не се најде на листата на најдобрите 2.000 универзитети во светот
    Македонија

    УКИМ втора година по ред не се најде на листата на најдобрите 2.000 универзитети во светот

    02/06/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонските универзитети втора година по ред се наоѓаат надвор од листата „Глобал 2000“ која ги рангира најдобрите образовни институции во светот. Според методологијата на Центарот за светско рангирање на универзитети (CWUR), институциите се оценуваат врз основа на квалитетот на образованието, вработливоста на дипломираните студенти, квалитетот на наставниот кадар и научноистражувачката работа.

    Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје повеќе не фигурира на CWUR листата на 2.000 најдобри универзитети во светот откако во 2024 година се најде на 1.990 место. По континуиран пад од 1.816. место во 2019 до 1.990. во 2024, УКИМ во 2025 и 2026 година воопшто не е рангиран.

    Фото: Мета.мк

    Во регионот, најдобро рангиран е Националниот и Каподистриски универзитет во Атина, кој се најде на 297 место на светската листа. Следува Универзитетот во Белград на 393 место, а на 444 место се најде универзитетот во Љубљана и Универзитетот во Загреб на 522 место. Од земјите во регионот, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија е најслабо рангиран, на 1.089 место.

    На CWUR листата, Грција е застапена со 12 универзитети, Србија со четири, Хрватска со три, а Словенија и Бугарија со по два универзитета. Грција, Србија, Словенија и Хрватска имаат подобри позиции на глобалната академска мапа, додека Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово воопшто немаат свои универзитети на листата на најдобрите 2000.

    Првите на листата се најдоа Харвард, Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ) и Стенфорд во САД, како и Окфорд и Кембриџ во Британија.

    Дури 8 универзитети во првите 10 се наоѓаат во Соединетите Американски Држави, а вкупно имаат 313 рангирани универзитети на веднаш зад Кина која има дури 360 универзитети во топ 2000. Јапонија исто така се издвојува со 102 и Велика Британија со 89 институции. Франција има 71 претставник на листата, додека Русија е застапена со 42 универзитети.

    Поврзани вести

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Како да воспитате дете кое размислува со своја глава: Пет совети за родителите

    22/10/2026

    Станбените кредити за една година пораснале за 16 отсто

    21/10/2026

    Запленет лек за рак што бил шверцуван во автобус на граничниот премин Богородица

    21/10/2026

    Во тек се големи апсења во Нови Сад и Краљево за наводни планирања на немири на денот на изборите во Србија

    21/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ССМ повикуваат на блокада пред собранието утре во 9 часот

    Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

    The Secret to Your Company’s Financial Health is Very Important

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.