Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја почнува петдневната турнеја низ земјите од Западен Балкан, утре е во Скопје
    Македонија

    Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја почнува петдневната турнеја низ земјите од Западен Балкан, утре е во Скопје

    01/06/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од денеска до 5 јуни ќе ги посети земјите на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни.

    Како што информираат од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

    „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати“ изјавил Кошта.

    Кошта ќе ги посети шесте партнери од Западен Балкан, почнувајќи со Сараево. Во вторник, на 2 јуни, тој ќе биде во Тирана, потоа ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Следниот ден, среда, 3 јуни, Кошта ќе се упати кон Приштина, додека во четврток, 4 јуни, ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.

    На 5 јуни, претседателот на Европскиот совет, Кошта, ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан. Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

    Премиерот Христијан Мицкоски на 29 мај изјави дека очекува при претстојната посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта да разменат повеќе идеи за надминување на пречката за интеграцијата на државава во Европската унија од, како што рече, вештачкото билатерално барање.

    Порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема простор ниту милиметар повеќе да се отстапува идентитетски, зашто, посочи, „оваа држава и граѓаните на Македонија дадоа премногу изминатите децении, а за возврат добивме ништо или многу малку и повторно имаме билатерални барања пред нас“.

    „Со претседателот на Европскиот совет, Кошта, досега имаме исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи, мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко билатерално барање што го има една земја-членка кон Македонија. Се надевам дека и во таа насока ќе продолжиме и во иднина и сигурен сум дека неговото присуство тука, и за време на нашата билатерална средба, а потоа и на работната вечера, ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали и како може да се да се надмине пречката“, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.

    Поврзани вести

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Љубов, пари и неочекувани средби: Големи изненадувања во саботниот хороскоп

    07/11/2026

    (Фото) Дуа Липа за малку ќе покажеше премногу во креација со отвори

    06/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026

    Поднесена тужба против МОН за непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк

    06/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Градот Скопје забрани фрлање отпад во контејнерите од 22 до 6 часот изутрина

    Промоција на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ од Весна Мојсова – Чепишевска во КИЦ Скопје

    Неверојатно: Реал Мадрид после 25 години нема фудбалер со “Златна топка“!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.