Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Трамп: Да не се брза со договорот со Иран
    Свет

    Трамп: Да не се брза со договорот со Иран

    25/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека им кажал на своите претставници да не „брзаат“ со договорот со Иран, пренесува „Гардијан“. Во објава на Truth Social, американскиот претседател напиша дека разговорите со Иран „се одвиваат на уреден и конструктивен начин“, додавајќи дека им порачал на своите претставници да не брзаат со постигнување договор, бидејќи времето е на нивна „страна“.

    Трамп исто така изјави дека американската блокада на иранските пристаништа ќе остане „целосно на сила“ сè додека не се постигне договор.

    „Двете страни мора да одвојат време и да ја завршат работата како што треба. Не смее да има грешки!“, напиша тој.

    Повторувајќи ги коментарите што претходно ги даде државниот секретар Марко Рубио, Трамп рече дека Иран не смее „да развива или да набавува“ нуклеарно оружје или бомби под никакви околности.

    Тој додаде дека односите меѓу САД и Иран стануваат многу „попрофесионални и попродуктивни“ и им се заблагодари на земјите од Блискиот Исток за нивната „поддршка и соработка“.

    Иранската новинска агенција Тасним, објави дека американската Влада сè уште блокира одредени клаузули од договорот за прекин на војната, вклучувајќи го и прашањето за ослободување на замрзнатите ирански средства. Некои детали од договорот сè уште не се познати и ништо официјално сè уште не е потпишано.

    Шефот на Хезболах, Наим kасем, вчера изјави дека се надева оти договорот со Иран наскоро ќе биде финализиран и дека Хезболах ќе биде вклучен во неговите услови.

    „Ако даде Бог, овој договор ќе биде завршен и има знаци дека се приближува кон финализација, а со тоа и ние ќе бидеме меѓу оние што ќе бидат опфатени со овој договор за целосен прекин на непријателствата,“ рече тој во телевизиско обраќање.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Венко лажеше за мигрантите, се докажа дека лаже

    Промоција на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Мојсова-Чепишевска

    Израелски податоци покажуваат дека најмалку 98 Палестинци починале во притвор од октомври 2023 година

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.