Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Подарок за публиката: Слушнете кои 16 песни на Фолтин добија преработки

    13/10/2026

    Нова работа или унапредување? Овие два знака влегуваат во важен период во кариерата

    13/10/2026

    (Фото) Веќе нема никаков сомнеж – да се биде без горниот дел од облеката е нејзиниот заштитен знак: „Ова е навистина жешко“

    12/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Македонската кинематографија со бројни активности во Кан
    Култура

    Македонската кинематографија со бројни активности во Кан

    22/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Агенцијата за филм и оваа година активно учествуваше на филмскиот фестивал во Кан, каде македонската кинематографија беше претставена преку бројни професионални, промотивни и меѓународни активности. На Канскиот фестивал присуствуваа претставници на Агенцијата за филм задолжени за меѓународна соработка и промоција на македонската кинематографија, меѓу кои и директорот Сашко Мицевски, кој учествуваше како панелист на настан организиран од Centre national du cinéma et de l’image animée, посветен на копродукциската соработка со Франција. На панелот се дискутираше за значењето на поддршката што Агенцијата ја обезбедува за фестивалите MakeDox и ИФФК Браќа Манаки, особено во делот на вмрежување и поврзување на француски и македонски продуценти.

    Во рамки на фестивалската програма, македонски филмски проект на Марко Ѓоковиќ беше селектиран на работилница за композитори, што претставува значајна можност за меѓународно вмрежување и понатамошен развој на проектот. Исто така, Агенцијата за филм закупи и маркет-проекција за долгометражниот игран филм „Аномалија“, во режија на Ѓоковиќ, која се одржи на 16 мај во рамки на филмскиот маркет.

    Дополнително, македонската продуцентка Ивана Шекуткоска е избрана меѓу 20-те најперспективни европски продуценти за 27-то издание на престижната програма Producers on the Move. Оваа иницијатива на European Film Promotion, каде членува и Агенцијата за филм, се реализира во рамките на Канскиот филмски фестивал со цел поврзување на најуспешните европски продуценти и поттикнување нови меѓународни соработки.

    Во рамки на фестивалот, Агенцијата за филм реализираше низа активности насочени кон афирмација на македонскиот филм и јакнење на меѓународната соработка. Македонскиот штанд во SEE Pavilion беше местото каде што се презентираа најновите случувања во македонската кинематографија, актуелни филмски проекти и можностите што земјата ги нуди како атрактивна дестинација за снимање филмови и меѓународни продукции.

    Сите професионалци и претставници на филмската индустрија кои го посетија павилјонот на земјите од Југоисточна Европа (SEE Pavilion), а беа заинтересирани за идни соработки и иницијативи, имаа можност да остварат состаноци со македонската делегација, за што беше подготвен и обемен промотивен материјал.

    Воедно, претставниците на Агенцијата за филм учествуваа и на Генералното собрание на Европската асоцијација на директори на филмски фондови и агенции (European Film Agency Directors Association), што претставува важна можност за институционално вмрежување и продлабочување на меѓународната соработка.

    Агенцијата за филм продолжува активно да работи на меѓународна афирмација на македонската кинематографија и отворање нови можности за соработка со европски и светски филмски професионалци на еден од најзначајните филмски фестивали во светот.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    Подарок за публиката: Слушнете кои 16 песни на Фолтин добија преработки

    13/10/2026

    Нова работа или унапредување? Овие два знака влегуваат во важен период во кариерата

    13/10/2026

    (Фото) Веќе нема никаков сомнеж – да се биде без горниот дел од облеката е нејзиниот заштитен знак: „Ова е навистина жешко“

    12/10/2026

    (Фото) Дојде без градник и веднаш предизвика бура: Црната боја никогаш не била толку секси

    12/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ЕУ воведе санкции врз две руски организации за кои вели дека се поврзани со дезинформации

    Австралија ќе воведе нови закони против говорот на омраза, по убиствата на плажата Бонди

    Гостиварец измамен преку лажна СМС порака, оштетен за 89 илјади денари

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.