Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Јаневска најави лиценцирање на психолози и построги правила за мобилните телефони во училиштата
    Македонија

    Јаневска најави лиценцирање на психолози и построги правила за мобилните телефони во училиштата

    11/05/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    За утврдување на проблемите во училиштата и спроведување соодветни мерки ќе има лиценцирање на психолози, најави Министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерката ќе побара од Комората на психолози да организираат дополнителни обуки за психолозите, бидејќи како што рече таа, некои студирале по стара, а некои по нова програма.

    Јаневска ја посочи педофилијата кај наставниците како најсериозен проблем за кој се преземаат мерки за расчистување. Таа посочи дека Државниот просветен инспекторат реагирал дури откако случаите биле објавени во јавноста, а во меѓувреме пријави биле поднесени и до полицијата и до Обвинителството.

    „Уште еднаш апелирам до наставниците кои се колеги на оние кои вршат незаконски дела, но во исто време тие се и наставници на ученици кои треба да бидат заштитени од луѓе кои вршат неприфатливи дејствија. Ќе го зајакнеме практичниот испит, бидејќи таму се потребни промени, а паралелно ќе покренеме иницијатива за лиценцирање на психолози, чија главна улога ќе биде да идентификуваат какви било проблеми во училиштето и да преземат мерки. Лиценцирањето ќе ја опфати целата нивна работа. Постојат и други алатки што ги имплементираме. Сè што е забележано се пријавува до надлежните институции“, изјави Јаневска.

    Јаневска посочи и дека практиката да се постават чувари во училишните ходници и дворови за да се обезбеди мирна средина  не е нова и дека функционира во некои училишта.

    „Но, во многу училишта тоа не функционира. Писмото е испратено, а ние само ги потсетуваме на добрите практики, и во нашата земја и во странство. Тие се луѓето одговорни за однесувањето на учениците и за мирната средина во училиштето. Сепак, сакам да нагласам дека децата не стануваат агресивни во училиштата, туку доаѓаат однадвор исполнети со агресија. Затоа, одговорноста не е само на наставниците, туку на целото општество, а ние мора да работиме и со родителите и социјалните служби. Проблемот е комплексен и мора да се решава од сите страни“, изјави Јаневска.

    Во однос на ограничувањето на мобилните телефони за време на часовите, таа нагласи дека дел од училиштата веќе вовеле пракса учениците да ги оставаат телефоните кај наставниците, а повторно да ги добиваат за време на паузите.

    „Со оглед на тоа што целата земја не е покриена со интернет-мрежа, со смарт-табли и со таблети, доколку наставникот процени дека е потребно да се употреби мобилниот телефон на децата, тогаш тој ќе даде посебна дозвола. Сметам дека овој начин за справување со мобилните телефони во училиштата е добар. Проблем е што учениците ги добиваат телефоните од родителите, надвор од училиштата, и тогаш тие неконтролирано се користат“, посочи Јаневска на настан во Занаетчиската комора посветен на развојот на младинските вештини.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    (Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

    Роналдо постигна гол, а потоа прослави на спектакуларен начин (ВИДЕО)

    Една од најголемите холивудски легенди повеќе нема да снима филмови

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.