Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Стомачни мускули цврсти како челик, дури и во шестата деценија: Хју Џекмен ги воодушеви жените

    12/11/2026

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    (Фото) Сè помалку личи на себе: Кардашијан шокира со својот изглед; следбениците ја молат да престане

    12/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Во април евидентирани пет нови лица заразени со ХИВ
    Македонија

    Во април евидентирани пет нови лица заразени со ХИВ

    10/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во текот на месец април, пријавени се 5 нови случаи на ХИВ/СИДА, од кои четири се лица од машки и едно лице од женски пол, на возраст од 20 до 39 години, информираат во Институтот за јавно здравје, во месечниот билтен за акутни заразни заболувања за месец април.

    „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.04.2026), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р.С. Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува 745, од кои 140 лица се починати лица“, пишува во билтенот.

    Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) регистрирани се 7 заболени лица. Пријавени се 3 случаи на сифилис, 3 случаи на вирусен хепатитис Б и еден случај на вирусен хепатисис Ц.

    ИЈЗ известува и за нови случаи на резистенција на антибиотици.

    „Во текот на април 2026 година во ИЈЗ се пристигнати 1,160 пријави за изолиран-докажан причинител на заразна болест и резистенција на антибиотици. Најчесто пријавувани причинители во месец април се MRSA, HPV и RSV.
    Според пријавите, резистенција покрај MRSA, е регистрирана е и кај Klebsiella и Enterococcus species Escherichia coli и Enterobacter cloacae“, пишува во билтенот.

    Во текот на април, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 397 пријавени заболени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 42,4%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 43,1%. Во однос на претходниот месец март, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 12,8%, а во однос на месец април, намалување за 31,0%.

    Поврзани вести

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Стомачни мускули цврсти како челик, дури и во шестата деценија: Хју Џекмен ги воодушеви жените

    12/11/2026

    Ќе се пошумува Националниот парк „Шар Планина“ со 30.000 нови садници

    12/11/2026

    (Фото) Сè помалку личи на себе: Кардашијан шокира со својот изглед; следбениците ја молат да престане

    12/11/2026

    Лукаревска бара оставка од Славески за случајот со Алта банка, тој тврди дека НБРМ постапувала законски

    11/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Денеска митинзи во Гевгелија, Валандово, Брвеница, Сопиште, Битола…

    Новогодишен концерт „Кадифено“: Зарина Првасевда ја исполни Филхармонијата со традиција и современ звук

    Љутков: Македонија мора да стане држава на приказни – културата, гастрономијата и историјата да бидат во срцето на туризмот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.