Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Средношколец се претставил како наставник и добил лозинка за е-дневник што ја користел три години
    Македонија

    Средношколец се претставил како наставник и добил лозинка за е-дневник што ја користел три години

    09/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Ученик во средно училиште во Прилеп лажно се претставил како наставник по англиски јазик од Виница и од Министерството за образование добил пристап до е-дневник. Министерството за внатрешни работи го сомничи за кривично дело компјутерски фалсификат, бидејќи три години ја користел лозинката од МОН и имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата.

    ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп кој со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му креирала официјална електронска адреса од Министерството за образование, му ги доделила лозинките од е-дневник како администратор од нејзината корисничка сметка, му соопштила да ги координира сите наставници, информираат од МВР.

    Посочуваат дека пријавениот имал пристап до сите податоци од сите професори на ниво на државата, ги координирал и им помагал при водењето на електронскиот дневник. Во периодот од 2022 до ноември 2025 година, до моментот кога поранешната в.д. директорка го информирала пријавениот дека одредена професорка ѝ пријавила дека некој ги брише податоците од електронскиот дневник во училиштето, пријавениот ги избришал сите профили и акаунти од лажниот профил од социјалните мрежи, а исто така подоцна избришан бил и профилот oд службениот меил од МОН.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од ноќеска бензините ќе поевтинат за денар и половина, а дизелот за денар

    Почна „потерата“ по битолскиот пантер Андреј Јовчевски

    Трето издание на Деновите на поезијата, од 14 до 16 мај

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.