Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Европскиот пат станува „приказна без крај“, а ние сме жртви на „булинг“, смета премиерот Мицкоски
    Македонија

    Европскиот пат станува „приказна без крај“, а ние сме жртви на „булинг“, смета премиерот Мицкоски

    22/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот Христијан Мицковски, на новинарско прашањ кои се следните конкретни чекори за да се отпочнат преговорите со Европската Унија, одговори дека позицијата е јасна и дека иднината на земјава е во рамките на ЕУ, но дека тој и македонските граѓани имаат чувство дека процесот на преговори се билатеризирал, што за возврат го прави многу тежок.

    Тој потсети дека процесот за влез во ЕУ, беше започнат пред 26 години со потпишувањето на договорот за  стабилизација и асоцијација, пред 21 година земјата официјално стана кандидат, а во 2009 година го доби првиот позитивен извештај од Европската Комисија за отпочнување на преговорите, но, според него, поради билатералните прашања процесот се преворил во „приказна без крај“.

    „Попатно, ќе ве потсетам дека ние го променивме своето знаме, ги променивме своите банкноти, неколку пати и Уставот беше сменет, а последно го променивме и уставното име. Зарем има втор пример во ЕУ кој може да каже дека направил нешто приближно онака како ние во името на европските интеграции!? Нема таков пример. Сега од нас повторно се бара промена на Уставот“, изјави Мицкоски без да прецизира на кои точно промени мисли.

    Мицкоски додаде дека Владата е подготвена да седне на маса со сојузниците и соседите за надминување на спорот со Бугарија, но нагласи дека приоритет се гаранциите од Европскиот совет за заштита на идентитетот и обезбедување дека нема да се отвораат нови билатерални прашања. Во суштина ваквите гаранции се невозможни бидејќи секоја од членките на ЕУ може да има забелешки во текот на преговарачкиот процес.

    „Нашата позиција е многу јасна, дека ние сме подготвени како Влада да седнеме на маса со нашите сојузници, соседи во случајот, и да разговарамне за надминување на овој проблем. Но, она што е поважно се гаранциите од Европскиот совет за нашиот идентитет и дека нема да има други билатерални прашања кои некој може да ги отвори“, изјави тој.

    Мицкоски се осврна и на статусот на македонската дијаспора во Бугарија посочувајќи дека таа сè уште нема институционално признавање, иако, како што рече, Европскиот суд за човекови права во Стразбур донел 13 пресуди со кои се бара од источниот сосед да овозможи нејзино формално признавање.

    „Имаме чувство дека процесот се билатеризира, а ние сме жртви на булинг којашто го прави земја-членка по принципот ние сме внатре, а вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор. А тие услови, немаат ништо заедничко со Копенхашките критериуми“, посочи тој.

    Премиерот ја даде оваа изјава на заедничка прес-конференција со автрискиот канцелар, Кристијан Стокер.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кои хороскопски знаци природно не се поднесуваат?

    Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС

    (Фото) За есен со стил: најмодерните комбинации во црна боја

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.