Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Сиљановска-Давкова: Пристапниот процес треба да се води со факти и критериуми, а не со ирационални барања
    Македонија

    Сиљановска-Давкова: Пристапниот процес треба да се води со факти и критериуми, а не со ирационални барања

    09/04/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Морам да напоменам дека кога се цитира изјавата на премиерот Мицкоски, се заборава дека не беше таква што ја повторуваме сите, туку поврзана со ‘доколку’ во односите со Бугарија. Не мислам дека децении треба да чекаме, напротив, некогаш движење има и кога не е пред очите на јавноста. Би било пред очите на јавноста кога јас би била професорка, но како претседателка многу работи заради суштината на дипломатијата, не мора да се случуваат јавно. Тоа не значи дека ги нема. Во политиката може посредно преку изјавите на нашите соседи, а многу читам деновите, од тоа дека сме имале клучно влијание на господинот Вајц, па дека сме ги информирале, дека министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски чевлите ги изабил одејќи, може да се заклучи дека не мируваме, работиме, но не секогаш тоа се гледа“, истакна Сиљановска Давкова за ТВ 21.

    Taa rече дека секогаш имала добри односи и водела долги разговори со поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев иако имале различни ставови и додаде дека не секогаш остануваат тврдите ставови по некое прашање, како на Радев за нашето членство во ЕУ, кога ќе се преземе одговорноста за водење на државата, доколку успее во тоа.

    Македонија, додаде, не само што чекори рамо до рамо со водечките кандидати за членство во Европската Унија, туку во одредени сегменти е и пред некои од нив и нагласи дека пристапниот процес треба да се води врз основа на факти и критериуми, а не на, како што рече, ирационални барања.

    „Зборуваме за политика заснована на докази, а не на ирационални услови. Тоа покажува дека не само што сме рамо до рамо со главните претенденти за брзо членство во ЕУ, туку сме и подобри од некои од нив“, истакна Сиљановска-Давкова.

    Таа посочи дека македонското законодавство во голема мера е усогласено со европското, што, според неа, е дополнителен аргумент за напредокот на државата во евроинтегративниот процес, но сепак предупреди дека и покрај исполнувањето на условите, процесот може да биде блокиран од страна на земјите членки.

    „И најбрзите кандидати може да ги затворат кластерите и поглавјата, но утре повторно некоја членка може да стави вето и да отвори прашања што немаат врска со Копенхагенските критериуми, туку се поврзани со историјата и културата“, рече таа.

    Според претседателката, токму ваквите прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес и за нив не се потребни дополнителни гаранции.

    Во однос на можните решенија, Сиљановска-Давкова посочи дека понекогаш е потребна креативност и флексибилност во толкувањето на одредени протоколи, но без да се навлегува во детали во јавноста.

    „Креативноста некогаш е нужна. Постојат различни можности за интерпретација на протоколите, но тоа се прашања што бараат внимателен пристап“, додаде Сиљановска-Давкова.

    Таа оцени дека е парадоксално да се бара од земјите членки на Европската Унија гаранција дека ќе ги почитуваат одлуките на Европски суд за човекови права во Стразбур, со оглед на тоа што тие веќе се обврзале на тоа со прифаќањето на европските правни стандарди. Истакна дека често се слуша ставот дека никој не може да даде гаранции, но дека тоа обично се поврзува со правото на вето што го имаат членките на Европската Унија.

    Според неа, гаранциите се составен дел од европското право и од конститутивните документи на Унијата.

    „Ако Европската Унија ја потпишала и ратификувала Европската конвенција за човекови права и ја признала јурисдикцијата на Судот во Стразбур, тогаш е парадоксално да се бара гаранција дека тие одлуки ќе се почитуваат. Пресудите на Судот треба да важат за сите членки на ЕУ“, нагласи Сиљановска-Давкова.

    Во рамките на Совет на Европа, рече Сиљановска, во минатото биле преземани и сериозни мерки кон држави што ги прекршувале фундаменталните обврски, вклучително и можноста за исклучување од организацијата.

    Сиљановска-Давкова додаде дека во Лисабонски договор, инспириран од Копенхагенските критериуми, јасно е наведено дека се почитуваат националниот и културниот идентитет на државите и народите, како и достоинството и интегритетот на граѓаните.

    „Не може овие принципи да важат за земјите членки на Европската Унија, а да не важат и за државите кандидати“, потенцира претседателката Сиљановска-Давкова за ТВ 21.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Кривична пријава против двајца измамници, измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

    Под слоганот „Ти и јас, Славија“ пристигнуваат колони од сите страни на студентскиот протест во Белград

    Сиљановска во Дубаи: Образованието е веќе триалог – наставник, ученик и вештачка интелигенција

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.