Македонија е првата европска земја која во Вашингтон реализира сесија на Стратешкиот дијалог во мандатот на оваа администрација. Во таа насока, соговорниците констатираа дека одржаната сесија претставува значаен исчекор во унапредувањето на билатералните односи, при што ја реафирмираа заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на безбедност, слобода и демократски просперитет.
Министерот Муцунски и заменик-државниот секретар Ландау разменија мислења и за состојбите во регионот и процесот на европска интеграција, при што беше нагласена важноста од континуираниот ангажман на Соединетите Американски Држави како клучен фактор за стабилноста на Западен Балкан.

