Ноќеска во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затвореното одделение-амбуланта.
На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита од Скопје, која успеала да го изгасне пожарот. Во настанот нема повредени лица.
Извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

