Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе биде подготвен да се соочи со Детроит вечерва откако НБА ја поништи неговата 16-та техничка грешка оваа сезона.
Дончиќ и центарот на Орландо Меџик, Битадзе, беа казнети за технички грешки 1:19 минути до крајот на третата четвртина од натпреварот што Лејкерс го добија со 105-104. Двајцата играчи разменија остри зборови додека Дончиќ изведуваше слободни фрлања, а разговорот продолжи на патот кон другата страна од теренот.
НБА објави во неделата дека техничките грешки на двајцата играчи се поништени. Доколку на Дончиќ му се изрече 16-та техничка грешка, тоа би значело суспензија од еден натпревар.
Лејкерси се во серија од девет победи, а Дончиќ во таа серија има просек од 40 поени, 8,4 скока и 7,4 асистенции по натпревар.

